24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПланирани 6 милиони денари за одржување на софтверот за полагање испити

Планирани 6 милиони денари за одржување на софтверот за полагање испити

За сума од 6 милиони денари без ДДВ, или приближно 100 илјади евра, Генералниот секретаријат на Владата, објави оглас за доделување јавна набавка за превентивно и адаптивно оддржување на софтверот за полагање испити во државните институции. Станува збор за постапка која се спроведува преку Е-аукција.

Во техничката спецификација пишува дека рокот на испорака на набавката е итен и треба да заврши за 45 дена. Постапката е отворена, а критериум за доделување на договорот е најниската цена. Превентивното одржување подразбира исправање на последиците од евентуални грешки, а адаптивното одржување се однесува на надградба на постојните функционалности на системот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП