19 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали колегите од работа ја загубиле довербата во вас

Дали колегите од работа ја загубиле довербата во вас

„Доколку ви се случи ова, вашата кариера ќе доживее неочекувана стагнација“, вели Лин Тајлор експерт за човековите потенцијали.

Томку поради тоа е важно да знаете дали колегите имат доверба во вас, и доколку немаат, како набрзо да ја вратите.

За среќа постојат многу знаци кои укажуваат на тоа дека ја губите довербата од колегите или дека веќе сте ја загубиле. Најочигледен знак е кога вашите колеги ќе престанат да се потпираат на вас.

„Довербата се наоѓа во средиштето на вашата способност добро да работите и од вас да се очекуваат позитивни резултати. Ако колегите ве доживуваат како доверлива личност многу лесно ќе ги покренувате проектите и ќе ги мотивирате другите работници да даваат се од себе на работа“, вели Тејлор.

Шефовите многу брзо забележуваат дали вработените секогаш го одржуваат својот збор кога станува збор за работата и дали и се прерадени и се мотивирани за работа. Но кога ќе го загубат тој впечаток за вас, вие секогаш ќе бидете виновникот за сите проблеми на работа „се додека не се докаже спротивното“.

Кога луѓето ќе престанат да се потпираат на вас тоа е знак дека сте ги изневериле и тоа на повеќе нивоа.

Но, довербата може да се поврати, тешко е, но сепак може.

„Првиот чекор е соочувањето со фактот дека проблемот постои, а тоа воедно е и најтешкиот чекор“, вели Тејлор. „Потоа клучно е да бидете искрени и транспарентни и тоа кон луѓето за кои овој проблем се однесува, а тоа се колегите. Лошата комуникација и недоразбирањето можат да бидат главниот проблем кога станува збор за недовербата. Колку побрзо го отстраните мрачниот облак кој ве опкружува, толку подобро за вас“, заклучува Тејлор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП