25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на „Burberry“ се намалила во кварталот околу Божиќ

Продажбата на „Burberry“ се намалила во кварталот околу Божиќ

Британскиот луксузен бренд „Burberry“ забележа пад од 2% на приходите од трговија на мало за кварталот, вклучувајќи го Божиќ, откако продажбата во Европа се намалиле во однос на претходната година, кога поевтинувањето на фунтата го поддржи локалниот пазар, пренесува „Ројтерс“.

Главниот извршен директор Марко Гобети претстави план во ноември, со кој ќе го издигне брендот уште повеќе на пазарот, но компанијата соопшти дека ќе има слаб, ако воопшто има, раст на приходите и оперативната добивка до финансиската 2021-ва година, додека се примени програмата.

Акциите на „Burberry“ кои поскапеа за 9% во минатата година, поевтинија за 4,7% утрото по веста.

„По подобрата од очекувата продажба за кварталот, вклучувајќи во декември, од „Richemont“ и „Hugo Boss“, претставувањето на трговијата на мало на „Burberry“ за третиот квартал може да се смета за малку фрустрирачки“, коментира аналитичарот на „RBC Europe“, Рогерио Фуџимори кој дава оценка „underperform“ на акциите.

„Burberry“ изјави дека приходите од трговијата на мало изнесува 719 милиони фунти (991 милиони долари) во трите месеци до 31-ви декември во однос на 735 милиони фунти. Во истиот период на 2016-та година.

Споредливата продажба од продавниците се зголемиле за меѓу 4% и 6% во Азиско-пацифичкиот регион и Кина, но со помеѓу 1% и 3% во Америка.

Тие сепак намалија со помеѓу 1% и 3% во Европа, погодени од стрмниот пад во Велика Британија, која се претстави многу силно во истиот период на 2016-та година.

„Burberry“ сепак ги задржи насоките за оперативната добивка за целата 2017-18 година и изјави дека е на пат да реализира заеднички заштеди за 60 милиони фунти во текот на годината.

„Постигнуваме добар напредок, исполнувајќи стратешката визија во организацијата“, рече Гобети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП