29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGorenje: Квартална загуба од 4,3 милиони евра

Gorenje: Квартална загуба од 4,3 милиони евра

gorenje1

Во првите три месеци од оваа година „Gorenje“ забележа загуба од 4,3 милиони евра. Во истиот период минатата година „Gorenje“ оствари нето добивка од 3,7 милиони евра.

Во првиот квартал од минатата година „Gorenje“ генерираше приходи со ослободување на резервите, со што ги зголеми приходи на 10,4 милиони евра.

Во првите три месеци од оваа година приходите изнесуваа 4,4 милиони евра, од кои 1,26 милиони евра отпаѓаат на резервациите.

Приходите од продажбата на апаратите за домаќинство се зголемени за половина процент, на 241 милиони евра, но вкупните приходи на групата од продажбата се намалени за 1,4 проценти, на 289,4 милиони евра.

Продажбата на пазарите во Источна Европа е зголемена за 2,1 проценти на 151,6 милиони евра, а во Западна Европа е намалена за 3,7 проценти на 117,2 милиони евра.

На не-европските пазари продажбата е намалена за 11 проценти, на 20,6 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП