19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеколку здрави комбинации на намирници

Неколку здрави комбинации на намирници

Нутриционистите често говорат дека за здравјето и добрата линија многу е важно правилното комбинирање на храната.

Ви претставуваме четири комбинации на намирници кои се здрави и имаат нутритивна вредност која е добра за нашиот организам.

Банана и путер од кикирики

Едноставно, јаглехидратите кои ги содржи бананата допринесуваат за брз поттик на енергија, а содржат и значајна доза на калиум кој го штити срцето, додека протеините во путерот од кикирики го стабилизира нивото на шеќер во крвта.

Јајца и сирење

Жолчката од јајцето е богата со витамин Д, кој ја поттикнува апсорпцијата, додека сирењето е богато со калциум. Резултатот од оваа комбинација е зголемена густина на коските, посилни мускули и брзо варење на храната.

Спанаќ и сок од лимон

Комбинацијата од спанаќ и лимон помага во апсорбирањето на железото во крвта. Преку 2 милијарди луѓе од целиот свет имаат ниско ниво на железо, а токму тоа доведува до двоен ризик од мозочен удар. Зголемениот внес на железо помага во намалувањето на болката во мускулите и брзо опоравување.

Јаболко и црно чоколадо

Истражувањата покажуваат дека секојдневното конзумирање на мали количини црно чоколадо доведува до значајно намалување на крвниот притисок. Комбинирајте го со јаболка и вашата кардиоваскуларна одбрана ќе стане уште посилна. Со оваа комбинација се формираат антиоксидантни електрони кои го спречуваат згрутчувањето на крвните плочки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП