19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP: Резултатите под очекувањата на аналитичарите

HP: Резултатите под очекувањата на аналитичарите

hp

Во првиот квартал од оваа година „Hewlett-Packard – HP“ објави 10 проценти помали приходи од забележаните приходи во минатата година,

Во својот фискален квартал „HP“ пријави 27,6 милијарди долари приход, во споредба со 30,7 милијарди долари приходи кои беа забележани во истиот квартал минатата година.

Истовремено и добивката е значително намалена, од минатогодишните 1,5 милијарди долари на 1,1 милијарда долари.

Овие резултати се полоши од очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа приход од околу 28,08 милијарди долари.

И покрај резултатите кои се полоши од очекуваните, извршниот директор на компанијата „HP“, Мег Витман истакна дека е задоволен со резултатите, и дека очекува добри преформанси и во остатокот од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП