29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCitigroup отпиша 22 милијарди долари поради даночната реформа во САД

Citigroup отпиша 22 милијарди долари поради даночната реформа во САД

Американската банка „Citigroup“ забележа профит за кварталот над очекувањата на „Wall Street“, откако нејзиниот кориснички бизнис ги компензираше послабите приходи од трговијата со обврзници и валути, соопштува „Ројтерс“.

Банката соопшти дека регистрирала еднократно отпишување на 22 милијарди долари поради новата даночна реформа во САД, што доведе до загуба од 18,3 милијарди долари во четвртиот квартал до 31-ви декември.

Иако се очекува новиот даночен законик да донесе долготрајни придобивки за банките со активност во целиот свет, неколку банки на „Wall Street“ изјавија дека пред тоа ќе преземат еднократни отпишувања во четвртиот квартал.

Акциите на „Citigroup“ се зголемија за 2,4 отсто на 78,70 долари во претходна трговија.

„Citigroup“, која е четврта по големина банка по актива во САД, изјави дека очекува да оствари приходи во следните квартали од новиот даночен законик, бидејќи нејзината даночна стапка ќе се намали на околу 25% во 2018-та година од 30% во 2017-та година.

Аналитичарите очекуваат „Citigroup“ да искористи помалку од новиот закон во споредба со останатите банки, бидејќи доверителот заработува околу половина од профитот надвор од земјата, каде корпоративните даночни стапки се генерално пониски од оние во САД.

Амортизираната, нето добивката се зголеми за 4 отсто на 3,7 милијарди долари. Приспособениот профит по акција изнесува 1,28 долари и е над просечната оценка на аналитичарите за 1,19 долари, покажува „Thomson Reuters“.

Вкупните приходи се зголемија за 1,4 отсто на 17,26 милијарди долари, а исто така беа над проценките за 17,22 милијарди долари. Приходите на единицата „Institutional Clients Group“, која вклучува инвестициското банкарство и трговијата, се намалени за 1% на годишна основа заради слабата нестабилноста на пазарите со фиксен принос.

Бизнисиот на банката „Global Consumer Banking“ кој вклучува банкарство на мало и кредитните картички, забележа раст на приходите од 5,6%, формирајќи речиси половина од вкупните приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП