19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрн ден за криптовалутите - Падови помеѓу 20 и 30%

Црн ден за криптовалутите – Падови помеѓу 20 и 30%

Основните криптовалути забележаа пад од 20 до 30% во последните 24 часа. Ова се случува само еден ден откако стана јасно дека во Кина се дискутира за забраната за трговија, како за бизнисите, така и за поединците.

Ова се случува само неколку дена откако во Јужна Кореја се подготвува закон за криптовалутите. Во меѓувреме пак и инвеститорот Ворен Бафет дополнително налеа масло на огнот, велејќи дека „трговијата со дигиталните валути ќе има лош крај“.

Така само за 24 часа цената на „биткоинот“ се намали за кратко под 10.000 долари, што за последен пат се случи во ноември.

Податоците за „Coinbase“ покажуваат дека валутата се намалила на 9.969 долари, по што следеше брзиот пораст до 11.000 долари.

„Биткоинот“ достигна рекордни 19.800 долари во средината на декември, а зголемувањето за последните 12 месеци е од 1.100%, покажуваат податоците на „Coinbase“ која е најголемата американска берза за тргување на „биткоин“, „етереум“, „лајткоин“ и „биткоин кеш“.

Втората најпопуларна валута, „етереум“, падна на ниво од помалку од 1.000 долари, достигнувајќи 854 долари, а потоа се врати на 996 долари.

Паника при продажбата исто така имаше и „рипле“, кој достигна 90 центи, по цена од 1,19 долари за време на создавањето на овој материјал.

Во текот на изминатата недела, „Coinmarketcap“ ги исклучува цитатите од Јужна Кореја, каде што „рипле“ се тргува околу 20% повисоко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП