24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовите иницијативи на Hugo Boss ги подобрија резултатите од четвртиот квартал

Новите иницијативи на Hugo Boss ги подобрија резултатите од четвртиот квартал

Германската модна куќа „Hugo Boss“ забележа забрзување на валутно корегираната продажа за четвртиот квартал како резултат на обновување на растот од своите продавници, скок на онлајн продажбата и наплатата во САД, пренесува „Ројтерс“.

По серија од предупредувања за профитот и послабата продажба во Кина и САД, „Hugo Boss“ ги обнови основните брендови, за да им се допадне на помладите корисници ги намали цените во Кина, ги затвори продавниците со загуба и го ажурира својот сајт.

Компанијата соопшти дека продажбата се зголеми за 1% на 735 милиони евра, или 5% по приспособување на валутата. За споредба, просечната прогноза на „Thomson Reuters Eikon“ била 732 милиони евра. Компанијата ќе го претстави својот целосен извештај на 8-ми март.

Акциите на „Hugo Boss“ кои поскапеа за над 25% во минатата година и ја намалија разликата со конкурентите во луксузниот сегмент, како „LVMH“ и „Burberry“, запишаа зголемување од 2% на својата вредност наутро, со што се покажаа меѓу најпрофитабилните во германскиот индекс на компаниите со средна капитализација.

Според аналитичарот на „RBC“, Пирал Даданиа растот во азиско-пацифичкиот регион бил подобар од очекувањата, како и во САД, но Европа се претставува со 5 проценти пад на трговијата на големо.

Споредливата продажба од бизнисот на мало во целина пораснаа за 7% во кварталот и со 11% во САД, каде што компанијата вложува напори да го направи брендот полуксузен, застанувајќи да нуди производи во продавници со попусти.

„Hugo Boss“ објави дека онлајн продажбата, која опадна во првиот квартал се зголемила за 42%, откако компанијата го обновени својот сајт, подобрена е пребарувачката и предложила повеќе облека по пониски цени.

Продажбата се зголеми за 10% по валутната корекција во азиско-пацифичкиот регион, главно како резултат на Кина, каде што компаниите за луксузни стоки, вклучувајќи ги „LVMH“ и „Kering“, заработи од обновениот интерес на корисниците.

Од „Hugo Boss“ изјавија дека очекуваат добивката за 2017-та година пред каматите, даноците, оштетување и амортизацијата и пред еднократните ефекти да биде околу предвидените 493 милиони евра, што е во согласност со резултатите од 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП