19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПријавувањето за трките Прв до врв на Водно започна

Пријавувањето за трките Прв до врв на Водно започна

Пријавувањето за најмасовниот планински настан во регионот, „Прв до врв“ на Водно, е отворено за сите оние кои сакаат да се пријават за учество во трките по намалена цена, информираат организаторите.

Оваа година популарните трки до врвот на Водно во планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам ќе се одржат на 20 мај. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават веднаш по цена од 250 денари преку интернет-страницата на Прв до врв“. Цената ќе се зголеми на 350 денари од 1 март, 400 денари од 1 мај и 500 денари на 18 и 19 мај.

Ова ќе биде шесто издание на „Прв до врв“ на Водно на кое се очекуваат неколку илјади учесници меѓу кои и зголемен број на натпреварувачи од странство. Трките се наменети за учесници и во професионална и во рекреативна категорија.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП