28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНова генерација на Mercedes AMG со електрично вбризгување (фото+видео)

Нова генерација на Mercedes AMG со електрично вбризгување (фото+видео)

Еден од акцентите во новиот „Mercedes-Benz CLS-Class“ е несомнено „мекиот“ хибриден погонски систем на автомобилот.

Тој се состои од 3,0-литарски 6-цилиндричен со турбо мотор кој е способен за „EQ Boost“ режим на работа. Ова е можно со користење на мал електричен мотор кој обезбедува дополнителен удар, а исто така и напојува електричен систем од 48 вати во автомобилот.

Технологијата се нуди во комбинација со многу од моторите со внатрешно согорување, а за оние кои сакаат само најдобро, веста е дека овој тип електромотор ќе биде комбиниран и со моторите на „AMG“.

Подоцна во годината, „AMG 53“ ќе биде достапен во „CLS“-класата, „E-Class Coupe“ и „E-Class cabrio“. Електричниот мотор ќе се комбинира со истиот 3,0-литарски мотор, но со повисок притисок на турбината, што ќе ја зголеми максималната моќност. Стандардниот „CLS450“ има 362 КС и 500 Nm вртежен момент плус дополнителни 21 КС и 250 Nm од електричниот мотор. На „CLS53“, моќта скокнува на 429 КС и 520 КС, а додадената моќност останува непроменета. Од „Mercedes“ известуваат дека „CLS53“ ќе забрза до 100 км/ч за само 4,4 секунди.

Сите модели на „AMG 53“ ќе користат автоматска трансмисија со 9 брзини, со двојна спојка која ќе ја распоредува моќта на сите четири тркала користејќи го системот „4Matic“. Добрата работа во врска со ова е дека „4Matic“ исто така овозможува испраќање на 100% од вртежниот момент на задната оска.

„CLS 53 AMG“ ќе се нуди со голем дел од електронските асистенти, со кои е опремен предводникот „S-Class“, а ги вклучува системите за автоматско сопирање, автоматско управување, активен ограничувач на брзината, адаптивен круз-контрол и многу други.

Сите „AMG 53“ автомобили ќе имаат воздушно потпирање и три начини на работа: „Comfort“, „Sport“ и „Sport+“.

Моделите ќе се разликуваат од стандардните верзии во неговиот поагресивен изглед, како и задолжителните амблеми „AMG“ на задниот капак. Остатокот е јасен – големи доводи за воздух, сплитери, дифузери со големи уреди за сопирање и задолжителни четири крајни издувни цевки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП