24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.01.2018

Дневен хороскоп 16.01.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Нема потреба да ве поведат лажните впечатоци или некој да ве прелаже со погрешната приказна за деловните можности. Доколку трпите неуспех променете ја својата деловна позиција во правец кој повеќе им одговара на вашите цели и интереси.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Максимално сте професионални, но деловната околина ќе ви ја одзема енергијата. Ќе имате доволно време за љубов, и можно е доколку сте млади, таа да ви биде на првото место.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате доволно енергија и се залагате за забрзано темпо на работење. Потребно е да го одредите вашето место меѓу соработниците, така што успешно ќе функционирате на повеќе страни во исто време. Наметнувајте ја идеата која носи ефикасни резултати.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се обидувате да подвлечете појасна граница меѓу доброто и непрофесионално однесување. Меѓутоа, личноста која ви задава дополнителни проблеми нема да се откаже од своите намери. Сега е добар момент да промените некои правила во однесувањето со саканото лице.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Лошо се чувствувате бидејќи некој ја омаловажува вашата работа. Ќе бидете исклучително активни на сите полиња, но внимавајте, можно е да потфрлите. Љубовта како да ви е во втор план, иако вие сте во центар на вниманието.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сатисфакција ви е трудот кој го вложувате, а претпоставените ќе знаат да ги ценат вашите напори – можен е некаков вид на награда или унапредување. Бидете внимателни во комуникацијата со партнерот, можни се провокации.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Новите бизнис предизвици делуваат како добар поттик, но се има свои граници. Тенденцијата да се претерува може да ве одалечи од неколку основни бизнис интереси. Важно е да имате некоја алтернативна верзија или решение.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Важно е да ја сочувате деловната позиција и затоа не штедете енергија. Вашиот деловен успех не претставува врв, но сепак постои можност за подобрување на работите. Со партнерот ќе поминувате прекрасни моменти заедно.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Нечија приказна не остава сериозно влијание на вашите деловни одлуки. Се потпирате на лична проценка, но самостојноста потенцијално има своја добра и лоша страна. Често го менувате своето емотивно расположение или одлуки.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку се наоѓате во осетлива фаза, препуштете им на соработниците да се позанимаваат со покомплицираните задачи. Мора да имате добра проценка за тоа кој може да ве замени во одлучувачкиот момент. Обидете се да ја поместите границата на толеранција.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Сочувајте ја присебноста на духот во некои ситуации бидејќи секој има право да погреши. Прифатете нечие извинување. Нема причина нечие однесување да го проценувате како емотивна рамнодушност и знаци на одбивање.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Некој е љубоморен на вашиот успех и сака да ве доведе во неприлика. Прилично сте расеани бидејќи сте оптеретени со размислувања за некој кој најверојатно не ви е достоен, а не сте во состојба да се ослободите од него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП