23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го претстави најбрзиот Passat во својата историја (фото)

Volkswagen го претстави најбрзиот Passat во својата историја (фото)

„Volkswagen“ претстави спортска верзија на својот седан „Passat“. Таа го носи името „GT“ и официјално ќе биде прикажана пред публика за време на автосаемот во Детроит.

Автомобилот беше идентификуван како „најспортскиот“ и „најбрзиот“ сериски „Passat“ во историјата. Тој добил 20 промени во внатрешноста и надворешноста во споредба со стандардниот модел. Најважните од нив се под хауба каде е инсталиран нов мотор.

„Volkswagen Passat GT“ е придвижуван од 3,6-литарски „VR6“ мотор кој развива 284 КС и 350 Nm вртежен момент. Комбиниран е со 6-брзински автоматски менувач со 2 спојки. Динамичните карактеристики остануваат тајни за сега.

Од стандардниот модел „Passat GT“ се разликува по оптиката, која влегува во основната опрема, браниците, црниот покрив, страничните ретровизори, двобојните 19-инчни тркала, затемнетите задни светла, спуштената суспензија и спортскиот издувен систем со две цевки.

Во опремата влегуваат греачи и регулирање на седиштата во 8 насоки, двозонски клима уред и мултимедијален систем со 6,3-инчен екран на допир, кој работи со „Bluetooth“ и гласовни команди.

Продажбата на „Volkswagen Passat“ во САД започнува во мај. Моделот излегува во ограничена серија и ќе чини најмалку 29.090 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП