19 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да одберете соодветна фотографија за вашето CV?

Како да одберете соодветна фотографија за вашето CV?

Доколку сте во потрага по работа, сигурно веќе имате напишано CV. Сепак, дали вашата фотографија е соодветна и што е тоа што со неа го покажувате кај потенцијалниот работодавец?

Ако сакате нешто повеќе од обична фотографија за службените документи, за почеток одлучете се за фотографија во боја – сметаат од „LinkedIn“, најголемата деловна социјална мрежа наменета за поврзување на работодавците и лицата кои бараат работа. Покажете ја вашата насмевка, вашиот став треба да биде опуштен и не се сликајте покрај ѕидот.

Облека

Нека ве слика некој на природна светлина, а аголот би требало да биде малку над вашата глава, за да не се гледа подбрадокот. Што се однесува на облеката, најдобар избор се еднобојните маици или палта без премногу детали.

Коса

Внимавајте, бидејќи подоцна треба да ги запознаете овие лица и лично затоа на сликата треба да личите на себе си. Ако вашата коса е виткана природно, таква треба да биде и на сликата. Избегнувајте ги производите кои ќе ја уништат свежината на вашата коса и ќе ја направат да изгледа неуредно.

Шминка

Шминката со која делувате природно треба да се наоѓа на вашето лице, не оваа за вечерните излегувања. Избегнувајте нападни бои, премногу силен кармин, разнобојни сенки за очи и сл. Внимавајте со пудрата, не смеете да изгледате вештачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП