28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го покажа флексибилниот Galaxy X (фото)

Samsung го покажа флексибилниот Galaxy X (фото)

„Samsung“ на своите партнери им овозможи увид во изгледот и особините на идниот смартфон „Galaxy X“, кој наводно е речиси готов.

За флексибилните телефони, односно за смартфоните со флексибилни екрани доста се пишуваше во текот на минатата година. На еден таков работи и „Samsung“ (Galaxy X), кој според некои избори својот модел го покажа на заинтересираните партнери зад затворени врати, за време на саемот „CES 2018“ во Лас Вегас.

Изворите наведуваат дека „Samsung“ речиси во целост ја заврши работата на хардверот на телефонот. Прикажаниот „Galaxy X“ има голем екран, дијагонала од 7,3 ични. Прикажувањето на видео записи на толку голем екран би требало да овозможи подобро корисничко искуство во однос на постоечките решенија.

Се наведува дека „Samsung“ на „CES“ донел два различни модели: еден кај кој екранот се свиткува кон навнатре, како и друг чиј екран се свиткува од страна.

Се претпоставува дека „Samsung“, на крајот ќе се одлучи само за еден модел, и тоа за оној кој екрано се свиткува кон навнатре.

Што се однесува до почетокот на производството, изворот истакнува нема да започне пред ноември 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП