25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛегендата продолжува да живее: Mercedes G Сlasѕ зa 2018-та (фото+видео)

Легендата продолжува да живее: Mercedes G Сlasѕ зa 2018-та (фото+видео)

Една од првите официјални премиери на Саемот во Детроит беше новата генерација на „Mercedes-Benz G-Class“. Теренецот кој стана карактерен модел за германската марка, го следи познатиот стил на компанијата и треба да ја продолжи успешната презентација на своите претходници.

Дизајнерските промени на „Geländewagen“ се минимални. Автомобилот ја задржува познатата решетка на ладилникот и кружните фарови. Хаубата и предниот браник се пoнови, кои се позаоблени за подобрена аеродинамика.

Возилото порасна во димензии со должина од 53 mm повеќе отколку порано. Ширината е зголемена за 121 mm, што доведе до зголемување на внатрешноста на автомобилот. Компанијата додава дека теренецот е значително поудобен од својот претходник, бидејќи доби кардинални промени за да се намали бучавата и вибрациите

Внатрешноста на новиот „G-Class“ веќе не е изненадување, бидејќи Германците го покажаа уште во крајот на 2017-та година. Во кабината има нов волан, како и елементи од метал, карбон и дрво. Уредите се целосно аналогени, а опционален е 12,3 инчна дигитална инструмент табла. Комбиниран е со 12,3-инчен екран на мултимедијалниот систем.

По традиција, за доплата теренецот може да се нарача со огромен број на дополнителни опции, вклучувајќи акустичниот систем „Burmester“, кожен салон и пакет „Active Multicontour Seat“, при кој предните седишта имаат функии за масажа, вентилација и греење. Достапен е и пакетот „Exclusive Interior Plus“ со „Nappa“ кожа на вратите, инструмент-таблата и централната конзола.

При стартот на продажбата на новата генерација на „Mercedes-Benz G-Class“ ќе се нуди со 4,0-литарски V8 твин-турбо мотор кој развива 431 КС и 609 Nm вртежен момент. Оваа модификација ќе биде именувана како „G550“. Менувачот е автоматски со 9 степени, со погон на четири тркала.

 

На претставувањето на теренецот во Детроит се појави и познатиот холивудски актер Арнолд Шварценегер, кој директно праша дали ќе се нуди електрична модификација на „G-Glass“. Одговорот на газдата на „Daimler“, Дитер Цетче беше лаконски: „Остани со нас“, што покажува дека Германците работат и во оваа насока.

Исто така е познато дека новиот „Geländewagen“ има три блока на блокирање на диференцијалот, што ветува претходна способност. Најголемата промена е и вклучувањето на предната независна суспензија. Задниот дел е исто така потполно нов за да го направи автомобилот уште постабилен на патот.

Автомобилот го вклучува системот „Dynamic Select“ со режимите „Comfort“, „Sport“, „Eco“ и „Individual“. Постои и дополнителен режим на „G-Mode“, кој се активира кога еден од трите диференцијали е блокирана или кога автомобилот оди со пониска брзина.

Продажбата на американскиот модел ќе започне кон крајот на 2018-та година, но цените се уште не се познати. На пазарот во Германија, теренецот ќе се појави уште порано во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП