24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСнег врне во Крива Паланка, Попова Шапка, Гостивар, Маврово, Крушево…

Снег врне во Крива Паланка, Попова Шапка, Гостивар, Маврово, Крушево…

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет има во Крива Паланка, Попова Шапка, Гостивар, Маврово, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Делчево, Павлешенци и Смојмирово. На Страцин врнежите се со среден интензитет. Во Дебар има повремени врнежи од дожд и снег. Овие врнежи во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП