19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовисоките каматни стапки ја поддржаа добивката на JPMorgan

Повисоките каматни стапки ја поддржаа добивката на JPMorgan

Најголемата американска банка по актива „JPMorgan Chase & Co.“ забележа повисок од очекуваниот профит за кварталот, откако растот на нето приход од камати го компензираше забавувањето од приходите во трговијата, пренесува „Ројтерс“.

Банката отпиша 2,4 милијарди долари, за да покрие нов еднократен данок за репатријација на меѓународниот профит и за да се прилагоди на вредноста на одложените даночни средства и обврски.

Се очекува новите промени во даночниот законик воведен од претседателот Доналд Трамп, да наметнат краток притисок, но и профит на долг рок за американските банки со активности надвор од земјата.

„Спроведувањето на даночната реформа во четвртиот квартал има значајни позитивни ефекти за земјата. Државните компании ќе бидат поконкурентни на глобално ниво, од што на крајот ќе добијат сите Американци“, коментира извршниот директор Џејми Дајмон во пораката.

Нето добивката со исклучок на еднократните ефекти изнесуваше 6,7 милијарди долари, или 1,76 долари по акција, за четвртиот квартал до 31-ви декември.

Аналитичарите очекуваат просечна добивка од 1,69 долари по акција.

Нето-приходите се зголемија за 4,6% на 25,45 милијарди долари, што е над проценката од 25,15 милијарди долари.

Нето каматниот приход се зголеми за 11 отсто на 13,4 милијарди долари поради повисоките каматни стапки и растот на кредитите. Приходите, сепак, паднаа за 22 отсто на 4,43 милијарди долари.

Нето добивката во согласност со американските сметководствени стандарди и вклучувајќи го оданочувањето е намалена до 4,23 милијарди долари, или 1,07 долари по акција, во четвртиот квартал од 6,73 милијарди долари, или 1,71 долари по акција, во споредба со една година порано.

Акциите на „JPMorgan“, кои пораснаа за 29 отсто во изминатите 12 месеци, малку се намалија во претходна трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП