Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

ЕК дополнително ќе ја финансира промоцијата на храна во целиот свет

Време: 12:36

Датум: јануари 13, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Дополнителното финансирање од 169 милиони евра за промоција на земјоделските производи од ЕУ во светот ќе биде обезбедено од Европската комисија. Ова е 27 милиони евра повеќе отколку во 2017-та година, кога буџетот за оваа намена изнесуваше 142 милиони евра.

Брисел очекува предлози за програми за промовирање на европските земјоделски производи ширум светот и во рамките на ЕУ, објави Комисијата.

Две третини од средствата се наменети за публицитет во земјите што не се членки на ЕУ, особено во земјите со висок потенцијал за раст на извозот од Европа. Тоа се Канада, Јапонија, Кина, Мексико и Колумбија.

За програмите низ цела Европа фокусот треба да биде информирањето на потрошувачите за различните шеми и етикети за квалитет на ЕУ, како што се оние за географски ознаки или за биопроизводи.

Секторско финансирање ќе биде за програми кои промовираат одржливо одгледување, вклучувајќи овци и кози. Финансиските ресурси се исто така наменети за кампањи за поддршка на здравата исхрана и потрошувачка на овошје и зеленчук.

„ЕУ е најголемиот светски трговец на прехранбени производи и е место со најквалитетна храна во светот“, рече комесарот за земјоделство Фил Хоган.

Право да аплицираат има трговските организации и организациите на производители, како и тела од прехранбениот сектор одговорни за промотивни активности. Програмите може да се имплементираат во една земја или се мултинационални.

Предлозите се доставуваат до 12-ти април 2018-та година преку посветен портал. Комисијата, исто така, ќе ги објави изведувачите на есен.

„CHAFEA“ (Извршна агенција на ЕУ за потрошувачи, здравство, земјоделство и храна) ќе им помогне на кандидатите да ги достават своите предлози успешно. Повеќе информации ќе бидат обезбедени за време на серијата информативни денови ширум ЕУ.

Првиот информативен ден ќе биде во Брисел на 31-ви јануари, со потенцијални промотори на проектот, рекламните агенции и националните власти.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Столтенберг: Нема план Б за влез во НАТО, само решение на името

    Столтенберг: Нема план Б за влез во НАТО, само решение на името

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев рече дека ова е негова прва посета на земјава и дека имал…

  • ЕК: Уделот на лоши заеми во Европската унија се намалува

    ЕК: Уделот на лоши заеми во Европската унија се намалува

    Уделот на лоши заеми во банките на Европската унија се намалува, но останува висок. Ова беше објавено од страна на Европската комисија, кога подготвува мерки…

  • Укината забраната за тешки товарни возила на патот Лисец – Попова Шапка

    Укината забраната за тешки товарни возила на патот Лисец – Попова Шапка

    Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка е укината во 15 часот, информира АМСМ. Забраната беше воведена…

  • Кои централни банки ги даваат најточните предвидувања?

    Кои централни банки ги даваат најточните предвидувања?

    Нема централна банка во светот, која ќе даде апсолутно точни предвидувања, но кога станува збор за клучен индикатор, каков што е инфлацијата, Централната банка на…

  • Како до помали сметки за греење? Едноставни совети кои секој може да ги примени!

    Како до помали сметки за греење? Едноставни совети кои секој може да ги примени!

    Загубите во топлина во домот пред се зависат од: изолацијата на објектот, квалитетот на вратите и прозорците, процентот на застакленост, ориентацијата и местоположбата. Може да…

  • Столтенберг: Земјите членки се воодушевени од тоа колку Македонија е посветена да се приклучи кон НАТО

    Столтенберг: Земјите членки се воодушевени од тоа колку Македонија е посветена да се приклучи кон НАТО

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред пратениците и Владата искажа воодушевување од напредокот на Македонија по 27 април и упадот во Собранието. Тој кажа…

  • Поради наноси од снег забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка

    Поради наноси од снег забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка

    Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на…

  • За развој на зимскиот туризам Црна Гора ќе инвестира над 60 милиони евра

    За развој на зимскиот туризам Црна Гора ќе инвестира над 60 милиони евра

    До 2020 година Црна Гора ќе инвестира повеќе од 60 милиони евра за развој на зимскиот туризам во земјата, изјави црногорскиот премиер Душко Марковиќ, кој беше…

  • За верскиот празник Водици посебен режим на сообраќај во Скопје

    За верскиот празник Водици посебен режим на сообраќај во Скопје

    За време на одбележувањето на утрешниот верски празник Водици (19 јануари) сообраќајната полиција во Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во…

  • Ирска: Ние даночен рај? Вие сте лицемери!

    Ирска: Ние даночен рај? Вие сте лицемери!

    Ирскиот премиер Лео Вараткар ги обвини членките на ЕУ за лицемерие кога станува збор за корпоративниот данок и ги отфрли како неточни тврдењата дека Ирска…