24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради маглата видливоста намалена, коловозите влажни

Поради маглата видливоста намалена, коловозите влажни

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интинзитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Стража кој не се задржува на коловозот, ннформираат денеска од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според нивните податоци, намалена видливост поради магла од 50 до 150 метри има на патните правци Лисец – Попова Шапка, Ѓавато, Крушево, Плетвар и Струмица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП