25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес облачно и дождливо време

Денес облачно и дождливо време

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен на повисоките места, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Следува период на претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на студен воздух од север, в недела и в понеделник ќе има услови врнежите да преминуваат во снег и на некои пониски места. Повеќе врнежи ќе има во северозападниот дел од земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП