19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЦелосно електричниот SUV на Audi ќе се појави наесен (видео)

Целосно електричниот SUV на Audi ќе се појави наесен (видео)

„Audi“ подготвува голема „офанзива“ на пазарот на „SUV“ автомобили со осум нови модели планирани до крајот на текот на деценијата.

Еден од најголемите адути на компанијата од Инглоштад би требало да биде целосно електричниот „E-Tron quattro“, кој ќе биде конкуренција на „Teslа Model X“ и „Jaguar I-Pace“.

„E-Tron“ би требалода биде одговорот на „Audi“ на се помалата побарувачка на автомобили со дизел мотори во Европа, откако аферата „дизелгејт“ ја погоди компанијата „Volkswagen“ во САД.

Oвој модел би требало да има домет од 500 километри со батеријата која се полни за 50 минути, опремен третото ниво на технологија на автономни возила, т.е. мултимедијалниот систем превземен од моделот „A8“.

Возилото е изградено на прилагодената верзија на платформата на која се создадени „Q5“ и „Q7“, a иако не се соопштени деталите за погонската единица, се шпекулира дека станува збор за пакет од три електромотори, еден на предната и два на задната осовина, па така овозможува погон на сите четири тркала.

Под покривката на тајната е и моќта на овие мотори, иако е познато дека концептот имаше околу 500 KS и 800 Nm, како и забрзување од 4,5 секунди од 0 до 100 km/h. Максималната брзина веројатно е лимитирана на 210 km/h.

„Audi“ започна да прима нарачки за овој модел, а на патиштата се очекува најрано кон крајот на годината како модел за 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП