20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИВикенд диета: Тотална детоксикација за само 48 часа

Викенд диета: Тотална детоксикација за само 48 часа

Оваа викенд диета ќе го препороди вашиот организам…

Ако вашата кожа е сува или пак премногу масна, постојано сте уморни и немате енергија, можно е да ви е потребна детоксикација. Поради тоа ви претставуваме делотворен план за исхрана кој се спроведува само два дена.

Викенд диета:

САБОТА

Будење: Испијте 2,5 децилитри вода

Појадок: Една шоља овесни снегулки со една лажица ленено семе, 2 дл млеко или немасен јогурт, половина шоља бобичесто овошје, 2,5 дл обична вода или зелен чај.

Ручек: 250 гр грилуван ослич, салата од блитва и варени компири со маслиново масло, 2 домати со маслиново масло, кришка лубеница или помала банана, 2,5 дл вода.

Ужинка: јаболко, 1,8 дл јогурт, ¼ шоља семки од тиква, 2,5 дц вода

НЕДЕЛА

Будење: Испијте 2,5 децилитри вода

Појадок: Шоља овесни снегулки со една лажица ленено семе, 2 дл млеко или немасен јогурт, зелен чај и една крушка

Ужина: Грејпфрут

Ручек: Супа од зеленчук, 200 гр грилувано пилешко месо, 150 гр кисели краставички, 2,5 дл вода

Вечера: Салата од рендан морков и цвекло со лимонов сок, мало интегрално пециво, чај од коприва

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП