28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрефинетиот Imperial Hotel во Виена (фото)

Префинетиот Imperial Hotel во Виена (фото)

Постојат неколку места во светот каде можете да се чувствувате како дел од кралското семејство – „Imperial Hotel“ во Виена е едно од тие места…

Оригинално изграден како резиденција за Принцот од Вуртемберф во 1863 година, а претворен во хотел за Универзалната изложба во 1873 година.

Сега, овој хотел со нетрпение ги чека своите гости кои се љубители на луксузот од целиот свет.

Овој хотел има 76 соби и 62 апартмани, од кои сите се пространи, елегантни и добро опремени, дизајнирани така што зрачат со гламур и луксуз.

Некои од најдобрите ресторани на австриската престолнина се наоѓаат токму во овој хотел. Тука се Cafe Imperial, како и ресторанот OPUS и HalleNsalon каде можете да уживате во префинетата австриска кујна со интернационални примеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП