29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАKонсултанти од Волстрит прогнозираат колапс на биткоинот. Погледнете кога!

Kонсултанти од Волстрит прогнозираат колапс на биткоинот. Погледнете кога!

Консултантската фирма од Волстрит предвидува сериозен пад на пазарот на криптовалутата во оваа година.

Извештајот на „Quinlan & Associates“, кој се состои од 156 страници, заклучува дека биткоинот ќе се намали на 1.800 долари на крајот од оваа година.

Според неговата моментална цена, консултантите го сфаќаат пазарот за криптовалути како „балон“ што се очекува да пукне.

Со оглед на тоа што биткоинот не е широко прифатен како средство за плаќање, очекувањата на аналитичарите се дека пазарот на криптовалутата ќе се намали за 70%.

Со актуелната пазарна капитализација од повеќе од 700 милијарди долари, тоа би значело пад од околу 223 милијарди долари.

Консултантите, исто така, поставија долгорочна прогноза за цената на најпопуларната дигитална валута.

Според нив, цената на биткоинот во 2020-та година ќе биде само 810 долари, во споредба со сегашните 14.100 долари.

И покрај очекувањата за пад во наредните години, пазарната капитализација на сите криптовалути се очекува во иднина да забележи раст во однос на предвидените на крајот на оваа година и споменати погоре 223 милијарди долари.

Според „Quinlan & Associates“, на крајот на 2020-та година оценката на сите дигитални валути ќе е 407 милијарди долари. Зголемувањето ќе се движи како ќе се појавуваат новите криптовалути, но главно од оние со голема корист за општеството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП