Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

„Инбох“ ви ја покажува иднината

Време: 13:40

Датум: јануари 12, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Транспарентноста на компаниите е најголемото очекување од корисниците во денешно време. Токму затоа со цел да покаже уште поголема отвореност и да ги приближи своите услуги до корисниците компанијата „Инбох“ креираше иновативна веб страна http://www.inbox.com.mk/, каде секој посетител преку виртуелна тура може да се запознае со иднината на модерното административно работење.

Виртуелна тура, Физичкa архивa, Е-Архива, Архивски сеф, Дигитализација се сегментите на новата веб страна на „Инбох“, преку кои на иновативен начин можеме да се запознаеме со “безхартиената„ канцеларија и да ја искусиме вредноста на “виртуелните полици„.

Да се запознаеме со „Инбох“ иновативниот систем за архивирање кој обезбедува брза и лесна достапност на информациите, целосна контрола над документацијата овозможувајќи им на компаниите да ја подобрат својата организациска ефикасност. http://www.inbox.com.mk/Virtual-Tour

Станува збор за успешна бизнис иновација на македонскиот пазар, која е спој на добро познати технолошки достигнувања во нов бизнис модел, што интегрира 3 технологии. „Инбох“ не е 100% физичка архива ниту е 100% дигитална архива, а употребените технологии дозволуваат по потреба на клиентот да се претвори во едно или друго, што е неговата уникатност.

Документите кога се чуваат во подруми и на полици можат да се изгубат,  оштетат и секој да има пристап до нив, без ваше знаење. „Инбох“ е практично решение за архивирање на вашите документи и нивна поголема достапност и безбедност. Овозможува брзо и ефикасно да се добие еден документ, без притоа да мора да се стане од работното биро, и да се оди по ходници, катови и подруми за барање на документите. Она што е посебно важно е фактот дека обезбедува  највисока безбедност и комплетна контрола на документот.

“Оригиналот е еден и тој најстрого мора да се чува во безбедносно депо. Од него се прави електронска копија која може да се употребува само доколку имате авторизација да ја користите. Не можете да станете, да отидете до документот и да си го земете, отворите и употребувате бидејќи документот не се наоѓа кај Вас. Тој се наоѓа во „Инбох“, а за да го добиете ќе мора да го побарате, а тогаш ќе се утврдат привилегиите за пристап, потоа се прави запис за барањето што ќе остави трага, и така се креира можност за тотална контрола кој, кога и што барал”, истакнува г. Стојче Тасков, креатор и сопственик на „Инбох“.

Кога барате документ, дали навистина ви треба документот или ви требаат информациите што се напишани во тој документ? Во 95% од случаите ви требаат само информациите, а не самиот документ како парче хартија. Тоа е смислата на „ИНБОХ“, тој многу организирано и ефикасно, електронски ги копира информациите и ви ги доставува без физички да се движи документот – се разбира доколку не ви треба оригиналот.  За да може да функционира моделот, претходно е потребно да се изработи електронски регистар на архивата каде ќе се запишат и мапираат архивските планови на клиентот и неговите пребарувачки индекси, додава  Тасков.

Достапноста на информациите, како и безбедноста на документите и контролата врз нив, се главните вредносни компонети на бизнис моделот на „Инбох“, истовремено и многу рационална причина клиентите да соработуваат со „Инбох“.  

Голем дел од успешните бизниси и институции во Македонија започнаа да го користат овој иновативен систем, длабоко уверени во неговите вредности. „Инбох“ е изграден на Американска технологија за управување со хартиени и електронски документи – ENVISION.  За  5 години постоење, создаде капацитет од 35.000 м3 специјализиран простор за архивски депоа, поседува технологија за дигитализација на сите можни видови документи, од  бизнис картичка до А0 и поголеми формати, како и технлогија за ласерско и 3Д дигитализирање на вредни документи, микрофилмски скенери, скенери за Ренгенски и други транспарентни документи.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Emirates го спасува Airbus A380

    Emirates го спасува Airbus A380

    Иднината на најголемиот патнички авион во светот – „А380“, барем засега ќе биде загарантирана. Авиокомпанијата од Дубаи, „Emirates“ објави дека ќе нарача 36 машини од…

  • Профитот на Bank of America е преполовен поради отписот за данок

    Профитот на Bank of America е преполовен поради отписот за данок

    Кварталната добивка на „Bank of America“ се намали за речиси половина поради отписот за данок. Сепак нето профит без овие ефекти ги надмина очекувањата, а…

  • Goldman Sachs објави прва квартална загуба по 6 години

    Goldman Sachs објави прва квартална загуба по 6 години

    Инвестиционата банка „Goldman Sachs“ ја објави својата прва квартална загуба по шест години, во голема мера поради промени во американското даночно законодавство. Финансиска институција и…

  • Ова се најбезбедните и најнебезбедните авиокомпании

    Ова се најбезбедните и најнебезбедните авиокомпании

    Airlineratings.com од 2013 година следи повеќе од 400 авиокомпании во светот, и нивниот годишен изветај за безбедноста и тоа како е ценет. Така за авиокомпаниите…

  • Apple ќе плати 38 милијарди долари даноци за да ги врати парите во САД

    Apple ќе плати 38 милијарди долари даноци за да ги врати парите во САД

    Вчера „Apple“ даде голем број изјави во однос на инвестициите и придонесот за американската економија делумно поради новиот даночен закон. Главната од нив е дека…

  • Продажбата на „Burberry“ се намалила во кварталот околу Божиќ

    Продажбата на „Burberry“ се намалила во кварталот околу Божиќ

    Британскиот луксузен бренд „Burberry“ забележа пад од 2% на приходите од трговија на мало за кварталот, вклучувајќи го Божиќ, откако продажбата во Европа се намалиле…

  • Ferrero го купи американскиот бизнис со слатки на Nestle за 2,8 милијарди долари

    Ferrero го купи американскиот бизнис со слатки на Nestle за 2,8 милијарди долари

    Швајцарскиот концерн, „Nestle“, конечно најде купувач на својот долготраен американски бизнис за кондиторски производи. Компанијата го продаде бизнисот на производителот на познатиот лешников крем „Nutella“…

  • Новото седиште на Apple конечно отворено (фото+видео)

    Новото седиште на Apple конечно отворено (фото+видео)

    Футуристички рај на два милиони квадрати, новото седиште на компанијата Apple конечно е отворено. Пет милијарди долари вредното седиште на компанијата „Apple“ наскоро ќе биде…

  • Citigroup отпиша 22 милијарди долари поради даночната реформа во САД

    Citigroup отпиша 22 милијарди долари поради даночната реформа во САД

    Американската банка „Citigroup“ забележа профит за кварталот над очекувањата на „Wall Street“, откако нејзиниот кориснички бизнис ги компензираше послабите приходи од трговијата со обврзници и…

  • Новите иницијативи на Hugo Boss ги подобрија резултатите од четвртиот квартал

    Новите иницијативи на Hugo Boss ги подобрија резултатите од четвртиот квартал

    Германската модна куќа „Hugo Boss“ забележа забрзување на валутно корегираната продажа за четвртиот квартал како резултат на обновување на растот од своите продавници, скок на…