19 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да разговарате со клиентите?

Како да разговарате со клиентите?

Знаете дека купувачот е „крал“, па секогаш треба да му удоволите. Затоа би било добро да ги запомните овие наши совети кои ќе ви помогнат при комуникацијата со купувачите или клиентите.

Совет број 1 – Владејте со ситуацијата

Секогаш бидете сталожени, мирни и излегувајте им во пресрет. Без оглед каков е купувачот пред вас, покажете му дека владеете со ситуацијата. Немојте да дозволите да ве извади од такт туку љубезно објаснете зошто е тоа „токму така“ и зошто не може да биде „некако поинаку“. Знаете и сами што сакаме да кажеме, зарем не?! Ок, знаеме дека е тешко, но вежбајте и резултатите набрзо ќе се појават.

Совет број 2 – Насмевка и љубезност

Нема да верувате, но многу мал број од нас се смешка кога разговара со купувачите или клиентот. Некој пат едноставно не сме расположени, но тоа не е изговор купувачите да не ги дочекуваме со широка насмевка. Насмевката ги отвора сите врати, а љубезноста е нешто што се учи од мали нозе.

Совет број 3 – Бидете прецизни и јасни

Кога на купувачите им објаснувате некои работи секогаш бидете прецизни во деталите и дајте им јасни инструкции. Тоа е многу важно поради избегнување на недоразбирања подоцна. Затоа не си го комплицирајте животот и постапете така што купецот или клиентот ќе разбере буквално се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП