29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMirage Solo, првиот независен VR „хедсет“ на Lenovо и Google (видео)

Mirage Solo, првиот независен VR „хедсет“ на Lenovо и Google (видео)

„Lenovo“ ја продолжува соработката со „Googlе“ и, по производите поврзани со заборавениот „Project Tango“, па на годинешниот „CES“ доаѓаат со нов производ.

Овој пат станува збор за независен „Daydream VR“ кој се нарекува „Mirage Solo“.

Мозокот на овој систем е „WorldSense“ кој ги следи чекорите на корисникот бе потреба од надворешни сензори, а за интеракција на коирсникот тука е веќе познатиот контролер „Daydream“.

Видното поле на очилата „Mirage Solo“ е декларирано на 110 степени. Резолуцијата на екрано се уште не е позната, а можно е да има „VR“ видео содржина од 180 степени.

Хардверските карактеристики на уредот вклучуваат процесор „Qualcomm Snapdragon 835“ и 4GB RAM. Декларираната автономија на работа изнесува 7 часа.

Од „Lenovо“ ги нагласуваат ергономските квалитети на „Mirage Solo“, како и комфорот при неговата употреба во комбинација со очила.

„Lenovo“ не ја споменува цената на „Mirage Solo“, но таа секако би требало да биде помала од 400 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП