Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

Jaguar Land Rover објави рекордна продажба

Време: 10:38

Датум: јануари 12, 2018

Категорија: АВТОБИЗ

И покрај тоа што компанијата се соочува со сериозни предизвици, продажбата на „Jaguar Land Rover“ скокна за 7% на вкупно 621.109 возила во 2017-та година, се вели во соопштението на компанијата.

Сепак, англискиот концерн, кој е во сопственост на индискиот гигант „Tata Group“ од 2008-та година, јасно стави до знаење дека се соочува со сериозни предизвици поврзани со слабеењето на интересот на клиентите од Велика Британија. Дел од загриженостите, исто така, доаѓаат од планираните зголемувања на даноците за дизел автомобилите во земјата.

Откако беше купена од страна на индискиот концерн, англиската компанија почна да работи на голем план за надградба и проширување на своите модел во опсег за зголемување на производството на 1 милион единици годишно до крајот на оваа деценија.

Од „Jaguar Land Rover“ велат дека растот на нивниот најголем пазар, Кина, како и големиот скок во САД, и помогна на компанијата да ги компензира слабите резултати во Англија и остатокот од Европа.

„Остваривме годишен раст, благодарение на нашата одлична гама и новите модели како „E-Pace“, „Velar“ и специфичните за Кина модели како што се „XFL““, коментира менаџерот за продажба на „JLR Group“, Енди Гос.

„Сепак, ние се соочуваме со потешкотии на клучните пазари како Англија, каде што довербата на нашите клиенти се намалува, а даноците за дизел автомобили се зголемуваат“.

Регулаторот во Велика Британија, одговорен за автомобилската индустрија, минатата недела коментираше дека најголем пад на продажбата од 2009-та година е забележан во 2017-та година, а според нив, тоа е поради зголемувањето на даноците за дизел автомобили, кои ќе стапат на сила во април, како и слабеењето на довербата на клиентите предизвикана од „Брегзит“.

Како и остатокот од британската автомобилска индустрија, „Jaguar Land Rover“ се соочува со можен царински долг или одложување на испораките ако земјата ја напушти Европската унија, што треба да се случи во март 2019-та година.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Mercedes планира уште SUV модели

    Mercedes планира уште SUV модели

    „Mercedes“ планира да ја збогати својата гама на модели со повеќе „SUV“ возила, бидејќи интересот за овие автомобили не забави, а офанзивата во компактната класа…

  • Новиот предводник на Citroen ќе биде сосема поинаков (фото+видео)

    Новиот предводник на Citroen ќе биде сосема поинаков (фото+видео)

    Францускиот производител „Citroen“ го потврди излегувањето на новиот предводник, кој ќе стане наследник на моделите „C5“ и „C6“. Моделот ќе биде „целосно различен од сето…

  • Следната година пристигнува најмоќниот Mustang во историјата (видео)

    Следната година пристигнува најмоќниот Mustang во историјата (видео)

    Американскиот гигант „Ford“ го најави за 2019-та година новиот „Mustang Shelby GT500“ со најмоќниот мотор во историјата на компанијата. Иако од „Ford“ не ги открија…

  • Lexus го претстави концептот LX-1 (фото+видео)

    Lexus го претстави концептот LX-1 (фото+видео)

    Компанијата „Lexus“ на саемот за автомобили во Детроит го претстави концептот „Lexus LF-1“ со кој го најавува новиот главен модел. „LF-1“ би требало да се…

  • Kia ќе лансира огромен кросовер (фото+видео)

    Kia ќе лансира огромен кросовер (фото+видео)

    Компанијата „Kia“ го подготвува излегувањето на пазарот на сериската верзија на 5-метарскиот концепт кросовер „Telluride“, кој дебитираше во 2016=та година, соопшти весникот „Go Auto“, повикувајќи…

  • Нова генерација на Mercedes AMG со електрично вбризгување (фото+видео)

    Нова генерација на Mercedes AMG со електрично вбризгување (фото+видео)

    Еден од акцентите во новиот „Mercedes-Benz CLS-Class“ е несомнено „мекиот“ хибриден погонски систем на автомобилот. Тој се состои од 3,0-литарски 6-цилиндричен со турбо мотор кој…

  • Volkswagen го претстави најбрзиот Passat во својата историја (фото)

    Volkswagen го претстави најбрзиот Passat во својата историја (фото)

    „Volkswagen“ претстави спортска верзија на својот седан „Passat“. Таа го носи името „GT“ и официјално ќе биде прикажана пред публика за време на автосаемот во…

  • Легендата продолжува да живее: Mercedes G Сlasѕ зa 2018-та (фото+видео)

    Легендата продолжува да живее: Mercedes G Сlasѕ зa 2018-та (фото+видео)

    Една од првите официјални премиери на Саемот во Детроит беше новата генерација на „Mercedes-Benz G-Class“. Теренецот кој стана карактерен модел за германската марка, го следи…

  • Четири работи кои често забораваме да ги направиме кога одиме на зимски одмор

    Четири работи кои често забораваме да ги направиме кога одиме на зимски одмор

    Со нетрпение го чекаме зимскиот одмор, скијање, чист воздух, топло чајче, дружење со најблиските. Да побегнете од смогот и загаденоста во градот, од бучавата и…

  • Најпродаваните автомобили во светот за 2017-та година

    Најпродаваните автомобили во светот за 2017-та година

    Аналитичарите од агенцијата „Focus2Move“ објавија податоци од своето истражување на глобалниот пазар за автомобили за 2017-та година и формираа Топ 10 од најуспешните модели. Според…