19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВињетите заминуваат во историја! Вака ќе се наплатува во цела ЕУ

Вињетите заминуваат во историја! Вака ќе се наплатува во цела ЕУ

Директорот на хрватските автопати Борис Хузјан изјави дека на ниво на цела Европска унија се подготвува промена на системот за наплата за користење на автопатите.

„Во контекст на развојот на моделот за наплата на патарина за сите видови возила, важно е да се истакне дека по предлогот на новата директива на Европскиот парламент планирано е во блиска иднина плаќањето на патарини да биде можно единствено по моделот на минати километри на автопатот, а не според наплатата на одреден период на користење“, изјави Хузјан.

Како што вели, таквиот систем веќе постои во Хрватска.

„Ресорното министерство во склоп со сите реформи кои ги спроведуваме, објавивме јавен повик за покажување на интерес за изработка на студии за развој на електронскиот систем за наплата на патарините во Хрватска“, вели тој.

Намерата е, како што наведува, да се подобри постоечкиот систем за наплата на патарините, а студијата ќе покаже која форма на електронски систем на наплата е најпогоден за автопатите, благодарејќи на новите технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП