Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

Време: 10:13

Датум: јануари 12, 2018

Категорија: КОЛУМНИ

Пред некој ден налетав на една слика на која пишуваше:

Пред да зборуваш, размисли…

  • Дали е вистина?!
  • Дали е од помош?!
  • Дали е инспиративно?!
  • Дали е потребно?!
  • Дали е позитивно?!

Ова е исто, како и приказната за Сократ, кога некој познаник му дошол и му рекол „дали знаеш што слушнав за еден твој ученик?!”. Тој му одговорил, пред да ми кажеш, те молам да одговориш на еден тест, т.н. „тест од 3 прашања”.

  1. Дали тоа што ќе ми го кажеш е вистина?! – соговорникот одговорил „не знам, така ми кажаа мене”.
  2. Дали тоа што ќе ми го кажеш е добро?! – соговорникот одговорил „не, баш напротив…”
  3. Дали тоа што ќе ми го кажеш е корисно?! – соговорникот одговорил „не баш”.

„Ако не знаеш дали е точно, ниту дека е добро, ниту пак може да е од корист за него, тогаш зошто воопшто да ми го кажуваш, одговорил Сократ!“

Си велам, каква би била нашата меѓусебна комуникација доколку, пред да кажеме некому што било, постојано би си ги поставувале овие прашања?! Едно е сигурно, покрај тоа што помалку ќе зборуваме, ќе се намали и бројот на трачеви.

Кога размислуваме што ќе кажеме пред да зборуваме, јас велам дека тоа е второ ниво на емпатија. Прво ниво е кога се ставаме во кожа на нашиот соговорник и се трудиме да ги разбереме неговите емоции, мисли и постапки. Второ ниво е, кога мислиме тоа што ќе го кажеме како ќе се одрази на другите, на соговорниците. Но, за жал, ние генерално паѓаме на првото ниво. Нас тешко ни оди да бидеме емпатични и да мислиме за другите. Како се чувствуваат и што мислат или како ќе се одрази на нив она што ќе го кажеме. Проблемот лежи најмногу поради тоа што нашето ЈАС е посилно од ТИ за другиот. Секогаш ние си гледаме од наша перспектива и нè интересира само она што е од наш интерес. За другите немаме многу време да мислиме.

Тешко е и бара многу работа и свесност постојано да размислуваме од двете страни (и нашата и на соговорникот) но, со цел да си ја подобриме комуникацијата со другите треба да го имаме ова на ум:

  1. ЕГО: прво треба да поработиме на нашето его. Да научиме како да почнуваме во разговорите со ТИ наместо со ЈАС;
  2. Да молчиме повеќе: и тоа е многу тешко, бидејќи е поврзано со нашето ЕГО. Нашето „его” е тоа што постојано избрзува во реакциите и ни ги прави проблемите во комуникацијата.
  3. Да мислиме повеќе: дали тоа што ќе го кажеме ќе се одрази позитивно или негативно на соговорникот. Се вели дека за да го постигнеме ова треба да имаме поголем когнитивен капацитет.
  4. Accurate Thinking” (правилно размислување) – овој концепт е познат уште од почетокот на минатиот век (Наполеон Хил). “Acurate Thinking” значи размислување врз основа на факти. Дали тоа што го знам и сакам да го кажам е поддржано со факти или е слушнато од некој непроверен извор?!
  5.  Карактер: и на крај, секако овој концепт многу зависи од тоа каков карактер сме. Ако сме „трачери” или „критичари” или, пак, имаме „краток фитил” (брзо избувнуваме), тогаш потешко ќе може да се снајдеме во користење на овие насоки.

Во секој случај, тешко е да го користиме овој начин или техники на комуникација. Треба да го промениме целиот систем на однесување. Но, барем да се потрудиме да мислиме повеќе пред да кажеме нешто следниот пат.

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Tip of the week: Пасивна продажба

    Tip of the week: Пасивна продажба

    Како моја професионална деформација, многу често знам кога шетам по продавници, ресторани, кафулиња или други услужни места, да го набљудувам и  да го следам продажниот…

  • Tip of the week: Набрзинка

    Tip of the week: Набрзинка

    Ајде… Сега… Веднаш!! Нестрпливи сме! Сакаме да се случуваат работите сега и веднаш. Но, не оди тоа баш така. Да, може нешто да се случи…

  • КОЛУМНА: Среќна Нова 2018 Година – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Среќна Нова 2018 Година – М-р Раде Чоловиќ

    Почитувани читатели на Денар.мк би сакал да ве известам дека завршувам еден циклус од 10-тина колумни. Се надевам дека ви беа интересни или во најмала…

  • Tip of the week: Нова година

    Tip of the week: Нова година

    Пред некоја година,  во еден весник имаше изјави од повеќе луѓе за тоа кои се нашите прогнози околу економските случувања за следната година. Меѓу другите…

  • Tip of the week: 24 часа до успехот

    Tip of the week: 24 часа до успехот

    Феноменот “последен ден” е многу интересен. Нема уште многу време! Дали ќе успеете или не, зависи до каде сте со остварувањето на целите. Еве, на…

  • КОЛУМНА: Отвори го пенџерчето, се задушивме – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Отвори го пенџерчето, се задушивме – М-р Раде Чоловиќ

    Не, не го отворајте пенџерчето, прозорецот, балконската врата, не излегувајте од дома и така нема да дишете штетни ПМ честички. И проблемот е решен. Луѓе…

  • Tip of the week: Пауза!

    Tip of the week: Пауза!

    Не знам каде ми е главата!!! Нели така велиме кога сме преокупирани со активности, обврски (работни, приватни), проекти, кампањи или кога кажуваме дека „немаме време”?!…

  • КОЛУМНА: Предстечајно решение – Санатор

    КОЛУМНА: Предстечајно решение – Санатор

    Во една од претходните колумни кога пишував за кредитниот мораториум, пишував и за така нареченото стручно тело кое треба да биде еден вид предстечаен управник…

  • Tip of the week: Поддршка на проект или акција

    Tip of the week: Поддршка на проект или акција

    Сигурен сум дека поголемиот број од вас знаат, но за тие кои не знаат, од неодамна го лансиравме концептот за интернационализација на Прирачникот „Tip of…

  • КОЛУМНА: Аград и Биград – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Аград и Биград – М-р Раде Чоловиќ

    Сакам да ви прераскажам една приказна која ја прочитав пред повеќе години во еден учебник по англиски јазик. Во времето кога градовите биле кнежевства си…