Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

Можност за успешно искачување кон врвот во вашата професионална кариера!

Време: 10:02

Датум: јануари 12, 2018

Категорија: КАРИЕРА

Отворен повик за студирање на постдипломските студии на Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје

Пред еден месец Државниот Економски факултет – Љубљана при Универзитетот на Словенија, преку својот Регионален центар во Скопје, го отвори уписот на постдипломски студии на Меѓународната бизнис академија (IBA – International Business Academy, Master programme). Аплицирањето е отворено до 15 февруари 2018 година.

Програмата, која што веќе 10 години се изведува и во регионалниот центар во Скопје, го дава сето академско и практично знаење што е потребно за подобрување на бизнис кариерата затоа што студиумот е целосно во изведба на Економскиот факултет – Љубљана, еден од најдобрите во Европа и светот. Тој е првиот и моментално единствениот факултет во Југоисточна Европа со највисоките меѓународни акредитации EQUIS, AASCB и AMBA.

На мастер програмата може да аплицираат економисти и неекономисти  (менаџери, претприемачи, амбициозни експерти за технологија, дипломирани студенти и секој кој сака да се стекне со аналитички и лидерски знаења и вештини со цел да идентификува и реши комплексни бизнис проблеми). Оваа меѓународна постдипломска програма ја имаат завршено бројни професионалци од познати компании како Македонски Телеком, Алкалоид, Belupo – Македонија, Стопанска банка, Комерцијална банка, RHAU Maкедонија, НБРМ, ЕВН Македонија, OSCE, USAID, Американската стопанска комора во Косово, Прокредит банка – Косово и други овозможувајќи им напредок во кариерата и напредок на нивните компании.

Меѓународната мастер програма нуди одлични можности за контакти и вмрежување со голем број професионалци од бизнис средината како дел од Алумни клубот со повеќе од 10.000 членови и интернационалната бизнис асоцијација – “Beta Gamma Sigma”.

Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет – Љубљана во Скопје ([email protected]; 070 338 570) или да го посетат следниов линк: http://bit.ly/2CWFD2e

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Ве озборуваат на работа? Не грижете се, постои едноставно решение

    Ве озборуваат на работа? Не грижете се, постои едноставно решение

    Сигурно некогаш сте биле во прилика да бидете озборувани. Најдоброто што можете да го направите во тој случај е да му пријдете на колегата и…

  • Значењето на постсредното образование за графички и веб дизајнери

    Значењето на постсредното образование за графички и веб дизајнери

    Денес многу млади стекнуваат основни или дополнителни компјутерски вештини преку завршени обуки, тренинзи и курсеви. Ваквото неформално образование е од голема корист за сите оние…

  • Дали колегите од работа ја загубиле довербата во вас

    Дали колегите од работа ја загубиле довербата во вас

    „Доколку ви се случи ова, вашата кариера ќе доживее неочекувана стагнација“, вели Лин Тајлор експерт за човековите потенцијали. Томку поради тоа е важно да знаете…

  • 7 грешки кои најчесто ги прават младите вработени

    7 грешки кои најчесто ги прават младите вработени

    Со вработувањето доаѓаат сигурноста и мирот, но не престанува учењето. Всушност, учењето е на самиот почеток. За да не бидете дел од оние кои прават…

  • Како да станете незаменливи на работното место

    Како да станете незаменливи на работното место

    Некои работодавци живеат со идејата дека сите вработени се лесно заменливи. Вистина е дека секогаш постои некој кој може да ја преземе одговорноста која ја…

  • Никогаш доста од пријатели – Зошто е добро да имате пријател на работа?

    Никогаш доста од пријатели – Зошто е добро да имате пријател на работа?

    Никогаш доста од пријатели. Без оглед дали станува збор за пријател од вашата населба, училиштето, теретаната, па дури и работата. Еве неколку причини зошто е…

  • Како да одберете соодветна фотографија за вашето CV?

    Како да одберете соодветна фотографија за вашето CV?

    Доколку сте во потрага по работа, сигурно веќе имате напишано CV. Сепак, дали вашата фотографија е соодветна и што е тоа што со неа го…

  • Навики кои создаваат незадоволство, ослободете се од нив

    Навики кои создаваат незадоволство, ослободете се од нив

    Обвинувањето на другите, фанатичната желба за контрола, фалењето и животот во минатото се рецепти за незадоволство на работа и во животот воопшто, а тие навики…

  • Како да разговарате со клиентите?

    Како да разговарате со клиентите?

    Знаете дека купувачот е „крал“, па секогаш треба да му удоволите. Затоа би било добро да ги запомните овие наши совети кои ќе ви помогнат…

  • Без изговори, направете го првиот чекор

    Без изговори, направете го првиот чекор

    Новите претприемачи не се самоуверени за нивните компетенции, и не се сигурни дали нивната идеја е правилната одлука. Ако си барате себеси изговори, за вашиот…