28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНеверојатно луксузен ентериер на Мајорка (фото)

Неверојатно луксузен ентериер на Мајорка (фото)

Со локација на прекрасниот остров Мајорка, во западниот дел од Медитеранот, се наоѓа прекрасниот имот наречен Villa Kameleon…

Дел од ексклузивното подрачје Сон Вида, имотот од речиси 3.000 метри квадратни се состои од три згради со вкупно 10 спални соби и девет бањи. Покрај уникатната архитектура и дизајн, оваа вила има и фантастичен поглед кон морето, градот и пристаништето Палма.

А кога веќе говориме за уникатниот дизајн, најинтересен елемент на вилата е светлосниот ефект, со префинети кристали во комбинација со ЛЕД технологијата. Оваа комбинација креира неверојатно „light show“, кое може да биде програмирано според потребите и желбите на сопствениците.

Како што споменавме и претходно, вилата се состои од три градби: главната вила на три нивоа, во која има дневна соба, библиотека, ТВ соба, спална соба, кујна и вински подрум. Втората градба е специфична, бидејќи во нејзиниот состав се наоѓа базенот, велнес и фитнес делот. А во третиот објект е прекрасно декорираната куќа за гости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП