Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

Xerox подготвува голем договор со јапонската Fujifilm

Време: 15:36

Датум: јануари 11, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Американска компанија „Xerox Corp.“ води разговорите за да склучи голем договор со јапонската „Fujifilm Holdings Corp.“. Двете компании разговараат за низа можни договори, кои може да вклучуваат промена на контролата врз „Xerox“.

Целосно купување на пионерот меѓу фотокопирите во моментов не се гледа, а не е исклучено воопшто да не се постигне договор.

Ако сепак дојде до промена на контролата во „Xerox“, тоа ќе биде крај на независноста за американската компанија основана во 1906-та година, која беше погодена од падот на побарувачката кај фотокопирите. Според извори, потенцијалниот договор со „Fujifilm“ ќе им даде можност на двете компании да ги намалат нивните трошоци и да го направат својот бизнис поефикасен.

Акциите на „Xerox“, кои кон крајот на 90-тите години достигнаа цена над 150 долари за готово, сега се малку над 30 долари и продолжуваат да поевтинуваат поради падот на продажбата и профитот. Во моментов, вреднувањето на пазарот на компанијата е околу 7,7 милијарди долари и има над 4 милијарди долари нето-долг.

Двете компании имаат долга историја заедно. Пред 55 години тие го основаа заедничкото вложување – Fuji Xerox, кое работи во Азиско-пацифичкиот регион. Таа е 75% во сопственост на „Fujifilm“ и има продажба од 10 милијарди долари годишно.

Американската компанија е лидер на пазарот за копири до 70-тите години кога се појави конкуренција од Јапонија, која го намали нејзиното влијание. Заедничко вложување со „Fujifilm“ и помогна неа да ја одвратат конкуренцијата на „Canon inc.“ и други ривали, но на крајот на 90-тите со доаѓањето на новите технологии повторно настапи промена на пазарот, што од своја страна доведе до нови болни реконструкции.

Минатата година, „Xerox“ се подели на два дела, разликувајќи ги своите деловни услуги во нова компанија наречена „Conduent Inc.“.

Со седиште во Токио, „Fujifilm“ започнува во секторот на филмските ленти и камери, а сега поголем дел од профитот доаѓа од печатење и здравствена заштита – од системи за инвитро дијагностика до фармацевтски производи. Нејзината пазарна капитализација изнесува 22 милијарди долари.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Emirates го спасува Airbus A380

    Emirates го спасува Airbus A380

    Иднината на најголемиот патнички авион во светот – „А380“, барем засега ќе биде загарантирана. Авиокомпанијата од Дубаи, „Emirates“ објави дека ќе нарача 36 машини од…

  • Профитот на Bank of America е преполовен поради отписот за данок

    Профитот на Bank of America е преполовен поради отписот за данок

    Кварталната добивка на „Bank of America“ се намали за речиси половина поради отписот за данок. Сепак нето профит без овие ефекти ги надмина очекувањата, а…

  • Goldman Sachs објави прва квартална загуба по 6 години

    Goldman Sachs објави прва квартална загуба по 6 години

    Инвестиционата банка „Goldman Sachs“ ја објави својата прва квартална загуба по шест години, во голема мера поради промени во американското даночно законодавство. Финансиска институција и…

  • Ова се најбезбедните и најнебезбедните авиокомпании

    Ова се најбезбедните и најнебезбедните авиокомпании

    Airlineratings.com од 2013 година следи повеќе од 400 авиокомпании во светот, и нивниот годишен изветај за безбедноста и тоа како е ценет. Така за авиокомпаниите…

  • Apple ќе плати 38 милијарди долари даноци за да ги врати парите во САД

    Apple ќе плати 38 милијарди долари даноци за да ги врати парите во САД

    Вчера „Apple“ даде голем број изјави во однос на инвестициите и придонесот за американската економија делумно поради новиот даночен закон. Главната од нив е дека…

  • Продажбата на „Burberry“ се намалила во кварталот околу Божиќ

    Продажбата на „Burberry“ се намалила во кварталот околу Божиќ

    Британскиот луксузен бренд „Burberry“ забележа пад од 2% на приходите од трговија на мало за кварталот, вклучувајќи го Божиќ, откако продажбата во Европа се намалиле…

  • Ferrero го купи американскиот бизнис со слатки на Nestle за 2,8 милијарди долари

    Ferrero го купи американскиот бизнис со слатки на Nestle за 2,8 милијарди долари

    Швајцарскиот концерн, „Nestle“, конечно најде купувач на својот долготраен американски бизнис за кондиторски производи. Компанијата го продаде бизнисот на производителот на познатиот лешников крем „Nutella“…

  • Новото седиште на Apple конечно отворено (фото+видео)

    Новото седиште на Apple конечно отворено (фото+видео)

    Футуристички рај на два милиони квадрати, новото седиште на компанијата Apple конечно е отворено. Пет милијарди долари вредното седиште на компанијата „Apple“ наскоро ќе биде…

  • Citigroup отпиша 22 милијарди долари поради даночната реформа во САД

    Citigroup отпиша 22 милијарди долари поради даночната реформа во САД

    Американската банка „Citigroup“ забележа профит за кварталот над очекувањата на „Wall Street“, откако нејзиниот кориснички бизнис ги компензираше послабите приходи од трговијата со обврзници и…

  • Новите иницијативи на Hugo Boss ги подобрија резултатите од четвртиот квартал

    Новите иницијативи на Hugo Boss ги подобрија резултатите од четвртиот квартал

    Германската модна куќа „Hugo Boss“ забележа забрзување на валутно корегираната продажа за четвртиот квартал како резултат на обновување на растот од своите продавници, скок на…