19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДонесен законот за употреба на јазици, последниот чекор останува за претседателот Иванов

Донесен законот за употреба на јазици, последниот чекор останува за претседателот Иванов

Со мнозинство  гласови, Собранието го изгласа Законот за употреба на јазиците. Вкупно 69 пратеници гласаа „за“, без ниту еден против или воздржан. Во второто гласање, пак, на другите етнички заедници, освен македонската,  27 од вкупно 28 пратеници гласаа „за“, додека, пак, еден беше воздржан. Како што појасни претседателот на парламентот, Талат Џафери, овој закон се носи со мнозинство пратеници од помалите етнички заедници.

Предлог-законот за употреба на јазиците содржи 25 члена. Тој предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно со закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.

Меѓутоа, не се исклучува можноста претседателот Ѓорге Иванов да стави вето на овој закон. Ако Иванов стави вето, Законот за употреба на јазиците ќе се врати во собраниска процедура и за да биде донесен ќе биде потребно двотретинско мнозинство односно и поддршка од дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, по гласањето на низата закони во Собранието, вели дека 15 години по потпишувањето на Охридскиот рамоковен договор, со гласањето на законот за јазиците бил заокружен мировниот договор, а сега останува да се имплементира. Груби им се заблагодари на сите кои гласале „за“, но и на тие кои не гласале против законот.

„Сметам дека овој закон е поддржан од сите страни бидејќи сите партии се потписници на Охридскиот рамковен договор. Очекувам опозицијата да го поддржи овој закон, иако не беа во Собранието за време на гласањето. Со овој закон ќе добие Македонија, а ќе се релаксираат меѓуетничките односи, ќе се затворат многу теми кои произлегуваат од нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор“, вели Груби.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП