Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

АО: Ѓоковиќ го избегна Надал, можно полуфинале со Федерер

Време: 12:05

Датум: јануари 11, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новак Ѓоковиќ имаше среќа на денешната ждрепка за Австралија опен и успеа да ги избегне во раната фаза од турнирот големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Србинот со Шпанецот може да се сретна само во финалето, додека евентуална пресметка со Швајцарецот е можна само во полуфиналето.

Ѓоковиќ поради шестмесечната пауза назадуваше на АТП-листата и поради тоа во Мелбурн, каде што има освоено шест титули, ќе биде 14. носител.

Првиот носител, Надал, турнирот ќе го отвори против ветеранот Естреља Бургос, а на неговиот пат се наоѓаат Леонардо Мајер, Дамир Џумхур, Џон Изнер и Марин Чилиќ. Хрватот, кој е шести носител, во првото коло за противник го доби Џон Милман, а на неговата страна од костурот се Куевас, Милер и Карењо-Буста.

Бранителот на титулата, вториот носител Роџер Федерер, во првото коло ќе игра против Аљаж Бедене, во второто коло најверојатно ќе го чека Германецот Штруф, а прв од носителите на неговиот пат може да биде Ришар Гаске. Во осмина-финалето можни противници на Швајцарецот се Раониќ или Квери, потенцијален ривал во четврт-финалето му е Давид Гофан, но во овој дел од костурот се наоѓаат и Дел Потро, односно Бердих и Фоњини.

Третиот фаворит, кој лани играше во полуфиналето, Григор Димитров, во првите две кола ќе игра против квалификанти, а потоа проектиран ривал му е Андреј Рубљов. Осмина-финалето на Бугаринот ќе му ги донесе Кирјос или Цонга.

Ѓоковиќ во првото коло за противник го доби Американецот Доналд Јанг, во второто коло најверојатно ќе игра против Гаел Монфилс, а потенцијален ривал во третата рунда му е Алберт Рамос.

Првиот Гренд слем во сезоната се игра од 15 до 28 јануари, кај мажите титулата ја брани Федерер, додека во женска конкуренција Мелбурн ќе добие нова шампионка откако ланската победничка Серена Вилијамс го откажа учеството.

Наградниот фонд на Австралија опен изнесува 43.200.000 американски долари.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Санчез до крајот на денот на прегледи во Манчестер!

    Санчез до крајот на денот на прегледи во Манчестер!

    Tрансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед е само прашање на време и тоа е јасно. „Дејли Мирор“ како последна информација најавува дека Санчез до…

  • Заврши проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“

    Заврши проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“

    Со Трката на келнерите и концертите на Камелеон и Фолтин синоќа завршија активностите предвидени во рамките на првото издание на проектот „Од 20-ти до 20-ти…

  • Instagram сега покажува кога последен пат сте биле активни

    Instagram сега покажува кога последен пат сте биле активни

    Популарната друштвена мрежа „Instagram“ продолжува да ја развива својата секција за размена на пораки, а сега има и нова можност која одамна е приустна на…

  • Меј: Велика Британија сака сеопфатен трговски договор со ЕУ

    Меј: Велика Британија сака сеопфатен трговски договор со ЕУ

    Британската премиерка Тереза Меј изјави дека земјата сака сеопфатен трговски договор со ЕУ, откако ќе ја напушти Унијата. Меј синоќа посочи дека Лондон би можел…

  • Владата на САД остана без пари, американскиот Сенат го отфрли новиот краток буџет

    Владата на САД остана без пари, американскиот Сенат го отфрли новиот краток буџет

    Владата на САД остана без финансирање, откако американскиот Сенат го отфрли новиот краток буџет, кој требаше да обезбеди финансирање на државните институции од 26 јануари…

  • Билка која ја чисти крвта, го чува срцето и го регулира варењето

    Билка која ја чисти крвта, го чува срцето и го регулира варењето

    Покрај препознатливиот вкус, се смета за одличен антиоксидант, а ја красат и бројни лековити својства… Иако во светската кујна се користи веќе со децении, руколата…

  • Coca-Cola си поставува нови цели за рециклирање до 2030-та година

    Coca-Cola си поставува нови цели за рециклирање до 2030-та година

    Американската компанија „Coca-Cola“ објави дека сака да собира и рециклира волумен еднаков на 100% од опаковките кои ги продава во светот до 2030-та година, соопштува…

  • Вилата IL Siciliano – пример за екстравагантност (фото)

    Вилата IL Siciliano – пример за екстравагантност (фото)

    Со своите девет спални соби со неверојатен поглед на море, вилата IL Siciliano е многу моќна и елегантна… Ова е инспиративно место за бегство од…

  • Volkswagen ќе инвестира 1,8 милијарди евра во новиот Golf

    Volkswagen ќе инвестира 1,8 милијарди евра во новиот Golf

    „Volkswagen“ ќе потроши 1,8 милијарди евра за развојот на осмата генерација на својот најпопуларен модел „Golf“. Ова беше откриено од страна на шефот на поделбата…

  • Екстракцијата на нафта во САД може да ја надмине онаа на Саудиска Арабија

    Екстракцијата на нафта во САД може да ја надмине онаа на Саудиска Арабија

    Постојаното растечко производство на сурова нафта во САД може наскоро да го претекне ова на Саудиска Арабија, оспорувајќи го првото место на Русија. Ова станува…