19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска престануваат да важат мерките против загадувањето во Скопје

Од денеска престануваат да важат мерките против загадувањето во Скопје

По три дена откако беа воведени, мерките против загадувањето од денеска се укинати

Ваквата одлука е донесена откако вчера среднодневните концентрации на ПМ10 честичките беа под дозволената граница, односно само 1 мерна станица покажала поголемо загадување од дозволениот праг на загадувачките материи во воздухот.

Вонредните мерки и препораки Градот Скопје ги воведе во понеделникот, 8 јануари, по добиеното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање дека праговите на ПМ10 биле над дозволеното во 2 последователни дена на 2 мерни станици, односно на мерните станици во Ректорат и Лисиче.

Mерки и препораките против загадувањето на воздухот ќе бидат воведени повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот.

„И покрај расчистувањето на воздухот Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот“, велат од Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП