28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПодгответе се да ја откриете Монголија! (фото)

Подгответе се да ја откриете Монголија! (фото)

Верувале или не во Монголија постои рај со пет ѕвезди и наречен е Терељ. Овој луксузен хотел зрачи со својата ексклузивност и софистицираниот дизајн и претставува идеално место за одмор за секој патник во светот кој сака да ја запознае Монголија.

Резиденцијата како палата е сместена во срцето на националниот парк Горкхи-Терељ дозволувајќи им на гостите да земат што повеќе од монголската култура. Опкружен со свежа и прекрасна убавина ќе ви дозволи да уживате во неповторливите моменти.

Хотелот е опремен со мешавина на традионалното и модерното па сигурно ќе ве одушеви со мермерните подови во комбинаија со античкиот мебел. Погледот кон прекрасната природа која ве опкружува е дополнителен бонус.

Посетителите ќе имаат прилика неистражената природа да ја доживеат јавајќи коњ или преку многубројните организирани екскурзии. По исцрпувачките прошетки гостите во хотелот може да уживаат во монголските кулинарски специјалитети со влијание на француската кујна.

Животот е убав, но ќе откриете уште поубав ако денот го финиширате со релаксација во атмосферата на фантастичниот хотел кој поседува и многу простории и содржини за релаксација како базените, СПА центарот, џакузи…

Во рамките на националниот пар Горкхи-Терељ се наоѓаат и многу природни убавини како што е глечерското езеро и топлите извори, а овде протекуваат и двете реки Тул и Терељ. Паркот е дом на 250 разни видови на птици, волкови и кафени мечки.

Подготвени сте за авантура?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП