24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската централна банка објави повеќе профит од Apple

Швајцарската централна банка објави повеќе профит од Apple

Швајцарија стана побогата во 2017-та година благодарение на централната банка на земјата, која управува со портфолио на странски акции и обврзници во вкупна вредност од 800 милијарди долари, пишува „Wall Street Journal“.

Швајцарската национална банка објави дека очекува рекордна годишна добивка од 54 милијарди франци (55 милијарди долари) за 2017-та година – огромна сума, еднаква на 8% од целиот бруто домашниот производ на земјата. За споредба, ако Федералните резерви остварат профит од слична големина на американската економија, тоа би било еквивалентно на 1,5 илјади милијарди долари. Всушност, сепак, во последниве години годишниот профит на ФЕД е околу 100 милијарди долари.

Годишната добивка на швајцарската централна банка е повеќе отколку „Apple“ заработи за годината, како и повеќе од вкупниот резултат на инвестициската банка „JPMorgan Chase“ и компанијата на Ворен Бафет, „Berkshire Hathaway“. Швајцарската банка вработува околу 800 луѓе, а нејзиниот претседател е меѓу најплатените централни банкари со годишна плата од 1 милион долари.

Швајцарската централна банка е една од ретките во светот чии акции се тргуваат на берзата. И нејзините вредни акции се зголемија повеќе од двапати во изминатата година. И покрај добрите резултати, мала е веројатноста банката да ги продаде своите средства поради страв од зголемување на вредноста на франкот и повредување на извозот.

Минатата година еврото ја зајакна својата позиција во однос на франкот со зголемување од речиси 10 отсто. Имено, средствата деноминирани во евра претставуваат доминантно учество во финансиските средства кои ги поседува регулаторот, по што следи доларот. Централната банка објасни дека 49 милијарди франци од нивната добивка се реализирани од странски средства. Швајцарската централна банка има акумулирано околу 760 милијарди франци во странски обврзници и акции, кои беа купени за време на должничката криза во Европа.

Други централни банки како ФЕД, Европската централна банка и Јапонската централна банка исто натрупаа големи портфолија составени главно од обврзници. Но, овие средства се деноминирани во сопствените валути. Разликата е во тоа што швајцарската централна банка поседува главно странски средства, што, секако, ја става на огромен валутен ризик.

За да се реализира во практика профитот, Швајцарската централна банка ќе мора да продаде дел од странските акции и обврзници, кои вклучуваат од вредност на „Apple“ во вредност од 3 милијарди долари и на Facebook за приближно 1,5 милијарди долари.

Иако неверојатниот финансиски резултат централната банка може да го префрли на федералната влада и на властите по региони само сумата од 2 милијарди франци годишно поради претходно склучен договор, кој ќе трае до 2020-та година. Акционерите на банката исто така добиваат мала сума – 1,5 милијарди франци годишно.

Регулаторот веќе објави дека ќе обезбеди околу 5 милијарди франци за заштита од идни валутни флуктуации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП