Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

Acer го претстави најтенкиот лаптоп во светот

Време: 16:12

Датум: јануари 9, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас (CES 2018) ќе ги отвори своите врати оваа недела, но новиот „Swift 7“ од „Acer“ веќе предизвикува возбуда во „градот на гревот“, соопштува британскиот весник „Daily Express“.

Новиот лаптоп беше прикажан пред почетокот на големиот технолошки настан оваа недела, а според компанијата – тоа е најтенкиот лаптоп во светот.

Машината која работи со „Windows 10“ е дебела само 8,98 мм. За споредба, „MacBook Air“ од „Apple“ е со дебелина од 17 мм.

„Многу сме горди што го направивме најтенок лаптоп во светот уште потенок со новиот „Swift 7““, вели Џери Као, претседател на одделот „Бизнис со IT производи“ во „Acer“.

„Новиот „Swift 7“ ја води играта на ново ниво со уште едно тенок тело, силни перформанси и секогаш вклучена „4G LTE“ конекција во услуга на професионалците“, додава тој.

Освен тоа што е супер тенок, „Swift 7“ е исто така многу моќен – со седмата генерација на процесорот „Intel Core TM i7“. Исто така, има 256 GB меморија и 8 GB RAM меморија.

„Acer“ известува дека батеријата на лаптопот може да трае до десет часа и компјутерот има вградена „XMM 4G LTE“ конекција, што значи дека е секогаш онлајн.

„Swift 7“ дури доаѓа со профил „Transatel“, опремен со до 1 GB слободен просотор за податоци за еден месец во 48 земји, за корисниците да можат да почнат веднаш, а дополнителни планови со податоци лесно можат да бидат купени преку апликацијата „Mobile Plans“ при патување низ светот.

Меѓу другите карактеристики се и 14-инчниот „Full HD“ екран, скенер за отпечатоци за дополнителна безбедност и црна тастатура.

„Следниот компјутер кој ќе купите, треба да е одличен компјутер – доволно моќен за да ви ги обезбедат најновите, најбогати искуства во текот на целиот ден“, вели Крис Вокер, потпретседател на „Intel Corp“.

„„Swift 7“ на „Acer“ ги исполнува очекувањата за претставување, потоа ги надградува со вградената „4G LTE“ конекција во ултра тенок, неверојатен дизајн. Ова е совршен компјутер за луѓето да работат и создаваат насекаде, во секое време“, додаде тој.

„CES 2018“ започнува оваа недела и големите технолошки компании како „Samsung“, „Sony“, „Panasonic“ и „LG“ се очекува да претстават нови уреди.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Столтенберг: Нема план Б за влез во НАТО, само решение на името

    Столтенберг: Нема план Б за влез во НАТО, само решение на името

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев рече дека ова е негова прва посета на земјава и дека имал…

  • Google го подготвува Android Pi (Pie)

    Google го подготвува Android Pi (Pie)

    Следната голема верзија на „Android“ оперативниот систем би можела да се вика „Pi“, или уште поверојатно „Pie“ – како пита, бидејќи „Google“ има навика „Android“…

  • ЕК: Уделот на лоши заеми во Европската унија се намалува

    ЕК: Уделот на лоши заеми во Европската унија се намалува

    Уделот на лоши заеми во банките на Европската унија се намалува, но останува висок. Ова беше објавено од страна на Европската комисија, кога подготвува мерки…

  • Укината забраната за тешки товарни возила на патот Лисец – Попова Шапка

    Укината забраната за тешки товарни возила на патот Лисец – Попова Шапка

    Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка е укината во 15 часот, информира АМСМ. Забраната беше воведена…

  • Emirates го спасува Airbus A380

    Emirates го спасува Airbus A380

    Иднината на најголемиот патнички авион во светот – „А380“, барем засега ќе биде загарантирана. Авиокомпанијата од Дубаи, „Emirates“ објави дека ќе нарача 36 машини од…

  • Незаборавно уживање на островот Ламу (фото)

    Незаборавно уживање на островот Ламу (фото)

    „Red Pepper House“ е место каде што елеганцијата и стилот на колонијалната ера се спојуваат со шармантното наследство на Свахили културата… Сместено е на живописниот…

  • За најдобар фестивал во Европа е прогласен „Егзит“

    За најдобар фестивал во Европа е прогласен „Егзит“

    Новосадскиот фестивал „Егзит“ е прогласен за најдобар фестивал во Европа во 2017 година. Ова беше објавено вчеравечер на доделувањето на Европските фестивалски награди во Холандија.…

  • Ирански филмови во Кинотека

    Ирански филмови во Кинотека

    Филмски циклус посветен на современиот Ирански филм ќе се одржи од 22 до 27 јануари, во Кинотеката на Македонија. Иранската кинематографија е една од најистакнатите…

  • Официјално од Јуве: Се трудиме да потпишеме со Џан

    Официјално од Јуве: Се трудиме да потпишеме со Џан

    Јувентус прави се да го убеди играчот за врска на Ливерпул Емре Џан да потпише со „бјанконерите“. Ова признание го направи извршниот директор на италијанскиот…

  • Зошто никогаш не треба да ги пребарувате на интернет своите симптоми

    Зошто никогаш не треба да ги пребарувате на интернет своите симптоми

    Речиси секое лице кое има пристап на интернет барем еднаш симптомите на некоја болест ги пребарувало на Google. Како последица на тоа најчесто се јавува…