24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКолку чинат луксузни Nike патики украсени со Сваровски кристали (фото)

Колку чинат луксузни Nike патики украсени со Сваровски кристали (фото)

Навикнати сме со потписот на Nike да пристигнуваат некои од најмодерните модели на патики, но верувајте ни на зборот – досега ваков модел не сте виделе.

Овој модел на Air Jordan 1S патиките ги украси уметникот Даниел Џејкоб кој досега веќе работел на многу модели, а ова се дефинитивно првите патики кои можат да се носат од овој уметник.

Овие патики се креирани по нарачка и украсени се со 15.000 златни Сваровски кристали. На Џејкоб му биле потребни три недели рачно да ги украси овие патики. Доколку се прашувате колку чинат овие фенси патики – одговорот е 6,500 долари.

Изгледа дека специјално украсените патики во денешно време се во мода. Неодамна и тенисерката Серена Вилијамс носеше Nike Cortez патики украсени исто така со Сваровски кристали. Така всушност и се создаваат трендовите, а љуботелите на модата и луксузот редовно ги пратат трендовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП