29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.01.2018

Дневен хороскоп 09.01.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Потрудете се да ја подобрите комуникацијата со деловното опкружување ако сакате да остварите напредок на овој план. Во љубовта не создавајте дополнителна тензија во емотивната врска.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку планирате патување, можете да сметате на многу позитивен период во наредните денови. Ви се допаѓа личност со која некако случајно се среќавате во последниот период. Ќе постојат новости на љубовен план.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пред вас е ден во кој ќе имате големи шанси за нови деловни случувања и промени. Во љубовта слободните може да очекуваат прилика за познанство со лице со кое подоцна им следи емотивна врска.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекуваат многу важни случувања. Сега е период на пресврти на вашето поле за кариера. Верувајте во себе. Во љубовта можете да се надевате на сериозни чекори со саканото лице.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе имате прилика да остварите нови договори на деловен план и да започнете една добра соработка. Во љубовта можете да очекувате интересна комуникација со лицето кое е родено во некој од водените знаци.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можете да се надевате дека ќе ви се случи подобрување на полето за финансии. Пред вас е силно добар период. Во љубовта иако имавте некои сомнежи во врска со искреноста на вашиот партнер, сега се уверивте дека се е сосема во ред.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денот е поволен за комуникација со надредените. Можете да очекувате позитивно исполнување на вашите цели. Можете да се надевате на убава атмосфера и нежна комуникација со саканото лице покрај кое имате се што ви е потребно.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве очекува напорен ден во кој ќе успеете да решите некои важни работи и добро се чувствувате поради тоа. На емотивното поле не би требало да имате некои големи промени.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можете да очекувате позитивна атмосфера на деловниот план. Нема да бидете претерано оптеретени. Во љубовта зрачите со позитивна енергија, ќе ви одговара флертот и ќе бидете среќни.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

До вас може да дојдат некои добри вести поврзани за работа која сте планирале да ја започнете. Во љубовта ви започнува период на заљубување. Ви доаѓа средба со многу интересно и драго лице.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можете да очекувате ден во кој ќе бидете многу растеретени. Ќе имате прилика да им се посветите на другите работи. Во љубовта можно е саканото лице на некој начин да биде уморно од обидите да направи нов чекор кон вас.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можно е да не сте сосема задоволни со деловната ситуација но со тек на време ќе успеете да дојдете до промени. Во љубовта уживате во необврзувачките авантури и засега не сте подготвени за некоја стабилна врска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП