25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle воведува интернет во земјите од Третиот Свет

Google воведува интернет во земјите од Третиот Свет

Larry Page

Компанијата „Google“ планира да го финансира, изгради и одржува безжичниот интернет во земјите од Третиот свет.

Оваа компанија која веќе со години се залага за универзалното право на пристап до интернет разговара со властите од Јужноафриканската Република до Кенија, со цел да изгради стратегија за овој голем потфат.

Пристапот до интернет на овие земји ќе им ја зголеми вредноста на економски план, но на повеќето од нив во моментов им недостасуваат средства за изградба на инфраструктура.

„Google“ во моментов лобира властите да ги користат брановите резервирани за телевизиски станици кои на ниски фрекфенции може да поминат преку згради и на долги растојанија.

Исто така, во моментов се работи и на обезбедувањето на евтини телефони и воспоставување на мрежа за сигнал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП