19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГламурозниот Anantara Eastern Mangroves Hotel & Spa (фото)

Гламурозниот Anantara Eastern Mangroves Hotel & Spa (фото)

Слично како Дубаи, и Абу Даби брзо се развива во многу ценета и посетена туристичка дестинација…

Голем број на ултра луксузни и сјајни хотели се отворени со цел да се привлече поголем број на туристи, а еден хотел кој се издвојува од нив е секако „Anantara Eastern Mangroves Hotel & Spa“.

Се наоѓа покрај вода и претставува уникатна оаза, која на своите гости им нуди совршено искуство. Во овој луксузен хотел се претставени најдобрите елементи на арапскиот дизајн и ориенталниот шарм. Се состои од вкупно 222 соби и апартмани, кои се многу добро опремени, а претставуваат префинет дизај со неверојатен поглед на лагуната и на величенствениот град.

Што се однесува до рестораните, во овој хотел опциите ви се широко отворени, се служи и медитеранска и тајландска кујна, покрај интернационалното бифе каде понудите од кујната се од сите краеви на светот. Од друга страна, третманот кој ќе го добиете во „Anantara“ спа центарот, во потполност го претставува азискиот стил.

Исто така, ви препорачуваме да го посетите и самиот град. Абу Даби е едно величенствено место со креативна архитектура и пространи паркови. А можете да му се восхитувате и од покривот на овој хотел. Во секој случај, ќе биде тоа искуство кое ќе го паметите цел живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП