24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром го губи монополот со извозот на гас?

Газпром го губи монополот со извозот на гас?

gazprom1

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ добива конкуренција. Други руски производители на гас се пробиваат на светскиот пазар.

„Газпром“ се уште ја има привилегијата како единствен продавач да го испорачува рускиот гас во целиот свет. Но, тоа наскоро би можло да се промени – преку трансформацијата на земјениот гас во течна состојба.

При транспортот на ова гориво, постоечката гасоводна мрежа на „Газпром“ повеќе не игра никаква улога. Клиентите можат да го достават ова гориво и со помош на бродови. Со тоа, пред се во азиско-пацифичкиот регион би можел да биде скршен монополот на „Газпром“ за извоз на гасот.

Надлежното Министерство за енергија во Москва веќе работи на подготовката на нов правилник за извоз. Со него, и другите руски компании треба да добијат дозвола за извоз на течниот природен гас. Двете големи компании: „Новатек“ и „Роснеф“ се веќе подготвени за извоз.

Нафтената компанија „Роснефт“, исто како и „Газпром“ е во државна сопственост. Но и приватната компанија „Новатек“ може да смета на поддршка од државата. Бидејќи нејзините сопственици се тесно поврзани со претседателот на Русија Владимир Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП