Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

Јогурт диета: За само неколку дена отстранете го вишокот килограми

Време: 15:32

Датум: јануари 3, 2018

Категорија: ДИЕТИ

Не е ова диета во вистинска смисла на зборот, повеќе станува збор за феномен кој постои во различни верзии. Ви претставуваме една од нив, можете да ја држите после празниците сигурни сме дека ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми кои сте ги наталожиле.

Основни принципи

Делувањето на јогурт диетата се базира на својствата на пробиотичкиот јогурт да го стимулира растот на здравата цревна флора, а како резултат се добива брзо варење на храната, елиминација на токсините, па така и слабеење.

Кога храната темелно ќе се свари, воедно се унапредува здравјето на цревата и општото здравје на организмот.

Се препорачува дури до 2 литри јогурт секој ден (нискомаслен), а со јогуртот можете да јадете и свежо овошје, а треба да ги избегнувате слатките зашеќерени јогурти.

Една од верзиите на Јогурт диетата изгледа вака:

ПРВ ДЕН

Појадок

Наутро изедете овошен јогурт (сами подгответе го од нискомаслен јогурт и свежо овошје) или јадете јогурт со овесни снегулки.

Ручек

На маслиново масло издинстајте зеленчук и на крајот помешајте го со варен ориз. Освен сол и бибер во зеленчукот немојте да додавате никакви зачини. За десерт повторно јадете овошен јогурт кој сами ќе го подготвите.

Вечера

Пред спиење ќе ве засити салатата со шунка и моркови. Исецкајте еден морков, јаболко и 50 гр шунка, па сето тоа издинстајте го на маслиново масло. Се заедно помешајте со немасен јогурт.

ВТОР ДЕН

Појадок

Направете салата од краставици, потребен ви е јогурт и краставица која ќе ја исецкате на коцки и на крај се заедно ќе помешате.

Ручек

Посолете и забиберете малку мисиркино месо исецкано на коцки и испечете го на маслиново масло. Додадете сецкани шампињони, еден домат и пиперка. Кога зеленчукот ќе омекне додадете го јогуртот.

Вечера

Две чаши јогурт помешајте со неколку бобинки мешано шумско овошје (може замрзнато).

ТРЕТ ДЕН

Појадок

Со јогуртот помешајте сирење, исецкано јаболко, малку цимет и на крај посолете и забиберете.

Ручек

Испечете 150 гр филе од ослич, а како прилог направете салата од јогурт, со краставица и малку сенф.

Вечера

Сварете 100 гр тестенини, додадете една исецкана пиперка и варено јајце. Се заедно помешајте со јогурт.

Влијание на здравјето

Пробиотичкиот јогурт е сигурно корисен за здравјето, а иако засега не постои цврст научен доказ кој ја поврзува јогурт диетата со слабеењето, краткотрајната примена на оваа диета сигурно нема да им нашети на здравите лица, но не се препорачува долгорочно практикување.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Супер ефикасна диета која ќе ги „стопи“ празничните килограми

    Супер ефикасна диета која ќе ги „стопи“ празничните килограми

    Ви претставуваме една од моментално најпопуларните диети, базирана на суво овошје и вино, која може да ви помогне за 5 дена да симнете и до…

  • Викенд диета: Тотална детоксикација за само 48 часа

    Викенд диета: Тотална детоксикација за само 48 часа

    Оваа викенд диета ќе го препороди вашиот организам… Ако вашата кожа е сува или пак премногу масна, постојано сте уморни и немате енергија, можно е…

  • „Чиста“ диета: Ослабете лесно три килограми до Нова година

    „Чиста“ диета: Ослабете лесно три килограми до Нова година

    Иако за губиток на вишокот килограми пред се е потребно да јадете здраво и да сте физички активни, постои уште еден начин за слабеење кој…

  • Кратка диета со суви сливи за брзо намалување на килограмите

    Кратка диета со суви сливи за брзо намалување на килограмите

    Оваа диета се базира на внесување на шест суви сливи по порција… Диетата со суви сливи спаѓа во т.н брзи диети и е наменета за…

  • Водена диета: Неверојатно топење на килограмите

    Водена диета: Неверојатно топење на килограмите

    Доколку ви е потребно малку да ослабите, ви ја препорачуваме новата хит диета, базирана на вода, со која на здрав начин ќе ги изгубите несаканите…

  • Диета која ја олеснува менопаузата

    Диета која ја олеснува менопаузата

    Правилната исхрана во менопаузата е од основна важност за здравјето на коските, мускулите, срцето и мозокот. Мора да биде умерено калорична и добро избалансирана. Ви…

  • Диета: 9 кг за 14 дена

    Диета: 9 кг за 14 дена

    Името на оваа диета ви кажува се, значи за 14 дена (зависно од вашиот вишок на килограми, тие што имаат поголем вишок на килограми слабеат…

  • Оваа диета ќе ја обожувате: Можете дури да јадете и слатки

    Оваа диета ќе ја обожувате: Можете дури да јадете и слатки

    Јаболкото го поттикнува метаболизмот и топењето на масните наслаги, а диетата со ова вкусно овошје е полна со витамини и може да ви помогне на…

  • Млечна диета за намалување на стомакот

    Млечна диета за намалување на стомакот

    Млечната диета е проверено ефикасна против опуштениот стомак. Во неа се препорачува две недели да се консумираат само млечни производи. Диетата не треба да се…

  • Брандова диета – за 1 седмица можете да загубите 5 кг

    Брандова диета – за 1 седмица можете да загубите 5 кг

    Оваа диета трае 2-3 седмици, а за 1 седмица можете да загубите во просек 5 кг, зависно од вишокот на килограми кој го поседувате. ПОЈАДОКОТ…