20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ почна истрага против Епл поради антиконкурентско однесување

ЕУ почна истрага против Епл поради антиконкурентско однесување

court_gavel_2-580-75

Европската комисија започна истрага против американската компанија „Епл“ поради антиконкурентско однесување при продажбата на „АјФон“ и технички ограничувања со цел за исфрлање на ривалските компании од европскиот пазар, објави денеска британскиот весник „Фајненшел тајмс“.

Врз основа на прашалник, кој минатата недела беше испратен до неколку европски мобилни оператори, Комисијата ќе се фокусира на условите за дистрибуција што би можеле да го фаворизираат „Епл“, гарантирајќи дека ниту еден ривал нема да обезбеди подобар договор за продажба, наведува весникот.

„Епл“ на информациите за истрагата, одговори дека сите договори на компанијата се во согласност со европските закони.

Истрагата е почната по жалби на приватни мобилни оператори, а моментално се наоѓа во прва фаза.

Пред започнување на официјална истрага Комисијата мора да биде сигурна дека Епл има доминантна позиција на европскиот пазар на смартфони, што би можело да биде тешко за докажување со оглед на популарноста на јужнокрејската компанија „Самсунг“ и уредите „Галакси“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП