19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДве дињи продадени за 12.000 евра

Две дињи продадени за 12.000 евра

jubari2

Две дињи од сортата „Јубари“ беа продадени на аукција во Јапонија за 1,6 милиони јени (15,730 долари, односно околу 12.000 евра) што е една од најголемите суми која некогаш е дадена за ова овошје.

Дињите со сочна и портокалова внатрешност, тешки 3,7 килограми, ги купил локален продавач во текот на првиот ден од редовната годишна аукција во градот Сапоро, на островот Хокаидо, во Северна Јапонија.

Рекордот, сепак, не е срушен. Рекордот го држат две дињи од истата сорта за кои во 2008 година, анонимен клиент платил 2,5 милиони јени.

Во земјата во која едно јаболко може да ја надмине цената од пет долари, а корпа со 20 цреши дури 100 долари, купувачите се навикнати на високите цени на овошјето.

„Јубари“ дињите се сметаат за статусен симбол во Јапонија, исто како и многу скапите шишиња сортно вино. Многумина, со вакви скапоцени овошја ги даруваат своите колеги и пријатели.

Најдобрите плодови имаат совршен заоблен изглед и мазна кора со препознатлива шара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП