19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens дели откази

Siemens дели откази

siemens1

Водечкиот светски производител на опрема и делови за автоматска технологија и технологија на погон, „Siemens“ планира да отпушти 289 работници во фабриките во Франција.

Компанијата е во процес на реорганизација и се обидува да ја зголеми профитабилноста, соопшти управата на германската компанија.

„Siemens“ минатата есен ја започна програмата за штедење од шест милијарди евра, со цел да ја зголеми профитабилноста за 12 проценти во текот на фискалната 2013-2014 година, пренесува АФП.

Иако управата на компанијата никогаш точно не ги изнесува податоците за можните социјални последици од мерките за штедење, при претставувањето на планот, сепак, напомена дека таа ќе влијае и на вработените.

Во Франција во фабриките на „Siemens“ работат околу 7.000 работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП