19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарио Драги меѓу оние со најлоша оценка

Марио Драги меѓу оние со најлоша оценка

mario2

Сајтот „CNBC“ започна со оценувањето на лидерите на централните банки во целиот свет.

Ние ги пренесуваме нивните оценки, а вие проценете дали оценките се премногу строги.

Според мислењето на Џим МекКохан од „Principal Global Investors“, гувернерот на Банката на Јапонија Харухико Курода ја заработи највисоката оценка, пет плус, а веднаш зад него се најде Бен Бенанке од американскиот FED, со многу добар успех.

Просечната оценка, тројка, ја доби претседателот на Европската централна банка Марио Драги, „кој помина подобро отколку што заслужи“ поради споредувањата со својот претходник Жан Клод Трише, кој беше уште полош, објавува сајтот.

Како што вели МекКохан, проблемот со Драги е во тоа што, за разлика од останатите централни банки кај кои се гледа некаков напредок, ЕЦБ е заплеткана во неефикасни методи, а на кризата не и се гледа крајот.

Во изминатите две години ЕЦБ ја зголеми ликвидноста на банките и ја намали каматната стапка, но овие мерки не доведоа до економски раст. Економијата на еврозоната, всушност, се намали за 0,2 проценти во првиот квартал од оваа година.

Најголем број од лидерите на централните банки имаат оценка тројка, поради економските случувања во земјите на кои токму тие можат позитивно да влијаат, а Марио Драги се наоѓа токму меѓу оние со најлошите оценки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП